23:32 - 4 април, 2026

Карлеуша од Дубаи „удри“ по атрактивната колешка: „Не пеам во кафеани за 30 луѓе“

Јелена Карлеуша одмара во Дубаи откако во претходниот период имаше многу деловни обврски.

И не го остава телефонот, па редовно им одговара на оние што ја прозиваат. Така еден корисник на платформата Икс (поранешен Твитер) забележал дека популарната Јелена седи дома и пишува твитови во кои плука по младите и успешни колешки.

Тој алудираше на Александра Пријовиќ која три пати ја исполнуваше белградската Арена, но и на Теа Таировиќ која настапува во САД.

Секако, штом го видела твитот, Јелена веднаш одговорила.

Таа директно ја нападнала атрактивната Теа.

-Поздрав од Дубаи, да одморам малку, издадов два брутални албуми, имав брутална промоција со 10.000 луѓе, го снимив најдобриот спот, се подготвува балканска турнеја. Во Америка јас не пеам по празни грил-кафе барови за 30 луѓе, туку гостувам на американски телевизии, нема потреба да се навредуваме ако сме неинформирани – одговори Карлеуша.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....