9.8 C
Скопје
21:37 - 14 март, 2026

Карлеуша ја шокираше јавноста: „Од Лаќа купував песни од сожалување, а сега ја подарувам песната што ја платив однапред!“

Јелена Карлеуша веќе подолго време го најавува својот нов албум. Соработката со покојниот Милан Радуловиќ Лаќа беше турбулентна, а за нивниот конфликт таа се осврна во последната објава на Инстаграм.

Лача беше син на Марина Туцаковиќ и познат текстописец Фото: Инстаграм

Таа го објави текстот на песната што тој ѝ ја напишал пред смртта, а бидејќи нема да се најде на албумот, песната им ја подарила на своите следбеници.

– Имам потреба да споделам со моите обожаватели, но и со медиумите некои информации поврзани со мојот нов албум, како и за моите соработници. Како што знаете, на мојот албум неколку текстови напиша и покојниот Милан Радуловиќ Лаќа, а однапред ги платив текстовите што ги напиша. За жал, Лаќа во последната фаза од животот имал голем проблем, а тоа е злоупотребата на опијати. Во таква состојба многупати ме замоли да му дадам пари однапред, за идна работа, што, за жал, не се случи. И несебично му дадов пари, а моите колеги можат да го потврдат тоа. Кога притисокот стана преголем, кога решив дека заради него не сакам да давам пари што ќе ги троши на опијати, Лаќа почна да ми се заканува со објавување на тие текстови, што на крајот почна и да го прави тоа во состојба на растројство, а подоцна се извини, како што знаете.

– Зошто го пишувам ова? Лаќа не го направи само тоа. Тој реши да им ги препродаде текстовите што уредно ги купив на други пејачи. Така, тој ги продаде моите платени текстови на други пејачи и зема пари иако знаеше дека ги напишал за мене и дека се целосно платени. Пари многу му требаа бидејќи наркоманијата е големо зло, поголемо од секоја болест и болка. Така, не само што ме уценуваше, ми се закануваше, објавуваше мои текстови, туку повторно ги продаде и ги измами сите. Еден од текстовите напишани за мојот албум и кој ми припаѓа мене е текст кој е завршен на 15 декември 2021 година. Песната се вика „Кока“. Поради информација дека таа песна ја направил  Лаќа, дека го направил тоа што го направил, таа песна беше симната и заменета со друга. За моја среќа, на албумот останаа само две песни и еден рефрен од третата што ја напиша Лаќа. Дел од едната ја објави на Твитер, останатото е зачувано и ќе биде вклучено во албумот. Како сопственичка на текстот „Кока“, во следниот „стори“ (на Инстаграм) ќе ја дополнам сосе датумот и ќе ја подарам, бидејќи јас сум сопственичка – напиша Карлеуша.

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....