13:31 - 10 ноември, 2026

Карлеуша ја разоткри Цеца Ражнатовиќ: „Едно лице има во судница, друго пред новинари“

Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ не зборуваат повеќе од дваесет години, а веќе некое време популарните пејачки редовно се среќаваат на суд. Јелена Карлеуша многупати зборуваше за Цеца и нејзиното семејство со не многу избрани зборови, па поради тоа фолк дивата беше принудена да ја тужи.

А како изгледаат нивните средби на суд, Јелена открива за српски Скандал.

– Имам толку многу анегдоти со Цеца. Воглавно сум, не можам да кажам дека се плашам од нејзината појава, но не ми е сеедно, бидејќи изгледа многу лута и тој нејзин „говор на телото“ вели дека е на стража и подготвена за кунг фу, за боречки вештини, така ми изгледа.

-Не мрдам претерано, не мавтам со рацете претерано, го чекам нејзиниот следен потег, бидејќи знае да биде многу остра и со зборови и со физички движења, можам да кажам дека дури и го крева гласот, што може да се слушне на видеото.

– Многу е возбудливо, анегдотите се во тоа што ја анализирам нејзината гардероба, го анализирам нејзинот расфрлање со граматиката и падежите па ми станува смешно, па не слушам што ме прашува судијата зашто ќе се засмејам, па судијата ме опоменува, па таа се жали на судијата од мене да не се смејам, па повторно ме фаќа напад на смеја неконтролиран, а таа се лути.

– Интересно ми е тоа што едно лице има во судницата, а второто лице го мести за новинарите кога ќе излезе од судницата, па се претвора во Дева Марија, во Параскева, која зрачи со добрина, љубов и позитивност, а до претходно буквално мислев дека ќе настрадам. Тоа се некои ангдоти – вели Јелена за колешката Цеца.

(Видео) Цеца Ражнатовиќ ја воодушеви публиката во Зворник: Настап по 30 години! 

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....