-4.2 C
Скопје
03:04 - 23 декември, 2024

Хороскопските знаци и бракот: Жената Вага е главна, Лавицата верна, а жената Овен непредвидлива

Жената родена во знакот Бик многу сериозно ја сфаќа улогата на домаќинка, сопруга и мајка, а нејзиниот сопруг се гордее со неа. Жената Стрелец е мудра и рационална животна партнерка што е стабилна под притисок. Прочитајте какви се припадничките на хороскопските знаци во улога на брачен партнер.

Овен

Припадничката на овој знак секогаш ќе го поддржува партнерот во неговите амбиции, зашто покрај себе сака успешен маж. Таа е полна со енергија и многу е организирана, поради што во бракот дава сѐ од себе и е неверојатна сопруга. Темпераментна е, па ако нешто не ѝ одговара, тоа ќе го каже јасно и гласно. Склона е кон испади на љубомора и драматичност, а нејзината непредвидливост го задржува интересот на партнерот.
Проблемот се јавува ако не е задоволена физички и емотивно и тогаш станува фрустрирана и инаетлива.

Бик

Припадничката на овој знак многу сериозно ги сфаќа сите свои улоги, па така и онаа на домаќинка, сопруга и мајка. Нејзиниот сопруг може да се гордее со таква жена.
Жената Бик ќе му прави проблеми на сопругот ако тој не се однесува рационално – според нејзините правила. Таа се залага за финансиска сигурност и сака нејзините совети да бидат послушани.
Редовниот сексуален живот ѝ е многу важен, а ако не добива доволно внимание, склона е кон неверство. Сака заеднички проекти и тимска работа.

Близнаци

Припадничките на овој знак пред да стапат во брак се бунтовнички и своеглави, а со вистинскиот партнер можат да се прилагодат и да се смират. Сепак, и тогаш ја задржуваат својата единственост и не се откажуваат од богатиот социјален живот и врските со поширокото семејство.
На жената Близнаци ѝ е потребен маж кој има многу енергија и е на исто интелектуално ниво како неа. Сака љубовник и пријател, а не однос што ја потсетува на обврска. Жените Близнаци бараат многу, но спремни се да возвратат во иста мера.

Рак

Припадничката на овој знак е вистинско олицетворение на женственоста – полна е со љубов, нежност и лојалност. Таа сака топло семејство, меѓусебно почитување и многу докази на љубов од нејзиниот сопруг.
Ако го добива тоа, жената Рак е најдобрата и најверната жена на светот. Но, ако нејзиниот партнер не се грижи за финансиската сигурност на семејството или емотивно ја запоставува, таа престанува да го почитува и станува одмаздлива.
Ако тој не реагира ниту на тоа, може да му го загорчи животот и сосем да доминира во односот.

Лав

Лавицата секогаш има план и сака сѐ да се одвива според него, а ќе се труди никој да не биде запоставен. Бракот ѝ е важен и тежнее кон тоа да има искрен и страствен однос, за што е спремна да се жртвува.
Сексот не и е високо на списокот приоритети, доволно е да знае дека е посакувана. Жените Лавови ги почитуваат нивните сопрузи, лојални се и верни, па ги поттикнуваат заедно да станат уште подобри.
Ако нејзината љубов исчезне, жената Лав често е неверна и го искористува бракот само како шаблон што и го олеснува животот, и целосно им се посветува на децата.

Девица

Припадничката на овој знак е многу аналитична и практична, но во брак е многу осетлива сопруга и мајка. Со партнерот се однесува како со најдобар пријател, некој што ја разбира и со кого може да се забавува.
Важно и е се да држи под контрола, па затоа сака одговорен маж што ќе се консултира со неа. Ако сопругот и замери нешто, може да стане рамнодушна и пасивно агресивна.
Од сите хороскопски знаци, Девицата е најсклона кон уцени со секс, па дури и да сака, таа ќе одбива само за да го казни сопругот.

Вага

Вагата е привлечна и женствена, а нејзиниот сопруг немоќен на нејзиниот шарм. Би можело да се каже дека манипулира со него, но тоа не го прави со лоша намера. Тежнее кон хармонија во бракот. Ужива во домашните работи како готвење и чистење, но станува мрзоволна ако забележи дека тоа не се цени доволно.
Од сопругот очекува да ја чува и да се грижи за неа и спремна е да го возврати истото. Сака редовен секс, но често нејзиното либидо е помало од она на сопругот, па енергијата ја троши на различни дружења и обврски.

Скорпија
Припадничката на овој знак сериозно го доживува бракот – нема да влезе во него ако не е сигурна дека партнерот е оној вистинскиот за неа. Ќе направи се за да има среќно семејство, но притоа ќе има многу барања од сопругот и ќе очекува тој да ја обожува.
Жената Скорпија е љубоморна и посесивна, но само додека е заинтересирана. Ако забележи дека сопругот изгубил интерес за неа таа ќе поработи на нивната врска, но може да ја занемари својата љубов и да замине.
Сака однос исполнет со страст и мрази рутина, па не и одговара пасивен партнер, туку некој подготвен за авнтури, патувања, излегувања, бурни ноќи…

Стрелец

Припадничката на овој знак во љубовта е страствена, спонтана и има многу барања, но тоа спласнува кога ќе влезе во брак. Жената Стрелец е мудра и рационална животна партнерка што не паничи кога е под притисок и секогаш би ја посакувале крај себе кога ви е потребна поддршка и помош за решавање на проблемите.
Не очекува бајки во бракот, најважни и се соработката и пријателството. Сепак, не поднесува монотонија во креветот и затоа сака сопруг што ќе се труди да ја одржи страста. Децата и се многу важни и понекогаш знае премногу да им се посвети и да го занемари сопругот.

Јарец

Жената Јарец има традиционални ставови и сака да биде најдобра во се, па животот со неа понекогаш може да изгледа како натпревар во кој треба да се задоволат строги критериуми.
Не сака непредвидливи ситуации и сака да контролира се што може да и ја загрози финансиската стабилност. Сексот и е особено важен, има големо либидо и одбивањето лошо влијае врз нејзиното его. Кога е лута станува воздржана, бесчувствителна и пресметлива.
И треба многу љубов и внимание за да се чувствува сигурно, а во развојот на децата е вистински животен учител.

Водолија

Припадничката на овој знак е многу едноставна и пријателски расположена, што ги одбива мажите навикнати на скриени игри. Тешко влегува во брак зашто ја цени слободата, но ако сепак се реши на таков чекор, тоа значи дека ќе му се посвети на партнерот за цел живот.
Отворено ги покажува чувствата и потребен и е партнер што има сопствени интереси за да го задржи својот, а најголем страв и е пасивен сопруг кој со љубов и внимание ќе ја зтвори во златен кафез.
Како родители жените Водолии се неконвенционални и полни со љубов, вистински пријатели на детето.

Риби

Рибите се идеален „материјал“ за брак – во љубовта се спремни да ја исполнат секоја желба на партнерот и ќе му се посветат целосно на домот и семејството. Потребен им е цврст партнер што ќе им биде потпора во животот, и иако може да изгледа дека тој ги води, енергијата и идејата на рибите се двигател на се во заедничкиот живот.
Сакаат романтика, но не на вообичаен начин. Ако партнерот ги занемари тие се повлекуваат во себе и нивната љубов постепено умира, а тие ќе размислуваат каде погрешиле. За децата ќе направат се и ќе излезат од лошиот брак зашто не поднесуваат лажна претстава за љубовта.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....