03:13 - 3 април, 2026

Каков пресврт: Принц Хари и Меган Маркл му честитаа роденден на Чарлс, синот се чул со татка си!

Добро упатени извори тврдат дека принцот Хари завчера разговарал со својот татко, кралот Чарлс III и му го честитал 75-тиот роденден. Тоа беше нивниот прв телефонски разговор по шест месеци. Со британскиот монарх разговарала и Меган Маркл, а децата на славната двојка Лилибет Дијана и Арчи Харисон во специјално видео му пееле роденденска песна на својот дедо.

Овие детали ги пренесува британски Телеграф, кој наведува дека принцот Хари и Чарлс ќе се слушнат следната недела, по големиот пресврт во нивната врска.

И додека многумина беа среќни со оваа вест, Омид Скоби, кој важи за неофицијален портпарол на Меган Маркл и принцот Хари, објави извадок од неговата книга „Endgame“ и тврди дека помладиот син на Чарлс III и принцезата Дијана не бил информиран дека неговата баба била во критична состојба. Според овој автор, на принцот и на Меган Маркл минатата година не им било кажано дека британскиот двор се подготвува за тажната вест. Да потсетиме дека кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во Балморал, Шкотска.

Скоби сугерира дека врската на Хари и Вилијам е непоправлива бидејќи помладиот брат го смета принцот од Велс за предавник. Авторот напишал дека ништо не се сменило во односите меѓу браќата откако на почетокот на оваа година беа објавени мемоарите на Хари „Резерва“.

Бакингемската палата не го коментираше делот од книгата на Омид Скоби, пишува Дејли мел.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....