7.8 C
Скопје
21:29 - 7 март, 2026

Како Брус Вилис ја запозна Ема Хеминг: Убавицата родена во Малта ја освои холивудската ѕвезда на прв поглед

Минатата година животот на Брус Вилис доживеа неочекуван пресврт. За 67 годишниот актер, во 2022 година се дозна тажната вест дека боледува од афазија и дека поради тоа ќе мора да го напушти светот на глумата.

Вчера, неговата фамилија соопшти уште една потресна вест – дека му била дијагностицирана  фронтотемпорална деменција.

Навраќајќи се наназад на неговиот живот, многу од фановите прашуваат како всушност се запознаа Брус Вилис и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг.

Еве ја приказната на Ема. Се запознале во 2007-та година во теретана и оттогаш се неразделни. Според зборовите на Ема тоа била љубов на прв поглед. Во 2009-та година тие станаа сопружници, правејќи свадба во Туркс и Каикос на Бахамските острови.

Ема Хеминг е родена во Малта, а откога нејзините родители се разведуваат – таа се сели во Лондон. Таму, таа ја започнува својата кариера на модел, и освојува неколку натпревати за убавина.

Во изминатите години, Ема се појавила на најголемите модни писти во светот, како што се впистите во Њујорк, Париз и Милано. Освен тоа, Ема била заштитно лице на познатите брендови како Викторија сикрек, Диор, Шанел, Валентино, пред да стане препознатлива и доволно атрактивна за да ја побараат на филмските платна.

Вилис и Хеминг имаат две ќерки и живеат заедно. Ема денес прави сѐ за ситуацијата на Брус да се подобри и да може подобро да функционира во секојдневниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Познато е дека пред Ема, холивудскиот глумец беше во брак со Деми Мур, со која до денес има одлични односи. Со Деми ги има ќерките Талула, Скаут и Румер.

Слични објави

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо
Се вчитува....