17.8 C
Скопје
16:06 - 18 октомври, 2026

Кајмакоски со прво интервју по киднапирањето: „Силен сум, морам да продолжам за семејството“

Пејачот Даниел Кајмакоски за првпат проговори по немилиот настан со киднапирањето, откривајќи дека одлучил свесно да се повлече од јавниот живот и да се посвети на најблиските.

По инцидентот што се случи по негов настап во Белград, Кајмакоски вели дека тешкиот период е зад него и дека сега е фокусиран на позитивните работи.

„Не сум од шеќер, доволно сум силен да продолжам понатаму. Пред сè сум татко и сакам моето семејство да биде сигурно и среќно“, изјави пејачот.

Тој нагласи дека токму семејството и внатрешниот мир се најважни, додавајќи дека без насмевка и стабилност ништо нема вистинска вредност – ниту работата, ниту односите.

„Семејството останува, сè друго е минливо. Затоа решив да се повлечам и да поминувам повеќе време со сопругата и децата“, истакна Кајмакоски.

Иако моментално не е активен во јавноста како порано, пејачот откри дека не се откажува од музиката и дека работи на нови проекти, но засега не сака да открива детали.

Во разговорот, тој се осврна и на своите колеги, посочувајќи дека многу учи од поискусните уметници. Посебно ја издвои Маја Оџаклиевска, за која рече дека ја смета за „жива легенда“ и голем пример.

„Од постарите колеги учам како да бидам човек и како да ја одржам рамнотежата меѓу кариерата и семејството“, додаде тој.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....