11.8 C
Скопје
13:18 - 30 март, 2026

Каде вечерва со дечињата: На претставата „Џинче“ во Театар за сенки и облаци

Вечерва во Театар за сенки и облаци, со почеток од 19 часот игра претставата „ЏИНче“.

Се работи за детска театарска претстава со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет.

Станува збор за претстава за искрено другарство, кое сите предрасуди ги фрла во „сенка“. Претстава која ќе ги однесе децата на една авантура низ градот на сладоледите, ќе пловат со еден чуден капетан, ќе јадат бурито во Мексико и ќе се дружат со една откачена Лисица-Мисица.

Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон. Проектот е независен од никого, освен од љубовта на Театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ и добрата воља на нивните пријатели.

Сенкаши: Филип, Кате, Даре, Родне, Александра, Круме
Музика: Пеџа и Влад
Плакати: Ивона и Пеџа

Претсавата е наменета за деца над 4 години. Билетите се резервираат на социјалните мрежи на сенки и облаци.

Слични објави

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо
Се вчитува....