16:07 - 29 декември, 2025

Каде вечерва: На концерт на „WHERESWILDER“ во Котур

Денес, со почеток од 21:30 часот, во „Котур“ ќе се одржи концерт на бендот „WHERESWILDER“. Бендот ја започнува својата европска турнеа со концертот во Скопје. Whereswilder Giannis Rallis – вокали/електрична гитара, Alekos Voulgarakis– електрична гитара, Vasilis Nissopoulos – вокали/бас-гитара и Manolis Giannikios – тапани се рок квартет од Атина, Грција, формиран во 2014 година. Нивниот деби албум „Yearling“ (2014 година), го изгради нивниот музички стил што претставува модерен трипи пристап каде сепак наѕираат класичните психоделични звуци од 60-тите години. Критичарите сметаат дека албумот е еден од првите солидни обиди за неопсиходелична рок музика во Европа, што му овозможи на бендот дебитантно појавување на фестивалот Rockwave во 2015 година заедно со бендот „The Last Shadow Puppets “. Нивниот следен албум „Hotshot“ (2016 г.) е под влијание на поджанрот класичен рок од 70-тите години и е добар саундрак за секое патување.
Нивниот најнов албум „Movement In Place“ го издаде продуцентската куќа United We Fly во 2021 година, а истиот е испириран од неколку популарни музички жанрови од 70-тите години како што се софт рок, соул и фанк. Секоја песна раскажува приказна од секојдневието во која луѓето доживуваат „Movement In Place“ момент. Овој момент може да се доживее само внатрешно: нешто се менува, а сепак сѐ изгледа исто, времето запира, што му озвозможува на секој да разбере нови работи за себеси и да стане помудар.

Настанот ќе започне со музичката селекција на Џано Куч и Џоџо Старделов. Влезот изнесува 200 денари, билетите се ограничени и достапни само во „Котур“.

Слични објави

(Фото) Неодолив сeмеен портрет: Александра Пријовиќ за првпат ја покажа ќерката Арија

Еспресо

(Фото+видео) Влатко Миладиновски испиша историја: Вакво нешто не се случило на фолк концерт досега

msp-admin

(Фото) По шпекулациите дека на нејзините фотографии се појавува „измислен партнер креиран со вештачка интелигенција“, Ава Карабатиќ се свршила со вистински човек

Еспресо

(Фото) Право од концерт во авион: Спасен си замина од Македонија

msp-admin

„Викав, `Не сакам да се мажам, сакам да спијам!`: Дорис Драговиќ откри детали за нејзиниот брак со ватерполистот

Еспресо

Гладував 14 дена: Искрена исповед на Перо Камиказа

msp-admin
Се вчитува....