7.8 C
Скопје
21:26 - 31 март, 2026

Каде вечерва: На изложба „Р/Еволуција“ на Владимир Ѓорѓиевски, Назли Џан и Александра Јовановска

Во петок, 17.3.2023 година, со почеток во 19:30 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар, ќе биде отворена изложбата „Р/Еволуција“ на Владимир Ѓорѓиевски, Назли Џан и Александра Јовановска.

Во галеријата ќе бидат изложени дела од областа на традиционалното сликарство, дигиталната уметност и дела изработени со помош на вештачка интелигенција.

Изложбата претставува концептуална целина сочинета од три различни техники на изразување на идејата и креативното доживување. Тројца автори чијшто визуелен израз говори за една не толку суптилна промена во однос на уметничката перцепција и начинот на реализација на идеите, колку за влијанието на технологијата и нејзиниот примат во изборот на медиум.

Изложбата е организирана од Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет – Скопје, во соработка со Младинскиот културен центар.

Изложбата ќе биде отворена до 31.3.2023.

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....