14:35 - 1 април, 2026

Каде била Меланија Трамп за време на обидот за атентат на сопругот: Еве ги деталите

Митингот на Доналд Трамп се претвори во крвав хаос по пукањето додека поранешниот претседател зборуваше на бината – само неколку дена откако републиканскиот кандидат го претстави својот најмлад син Барон на гласачите во Флорида во првото официјално појавување на тинејџерот на митинг.

Сега многумина се прашуваат каде биле неговата сопруга Меланија и синот Барон во моментот на нападот на Трамп.

Трамп покажуваше табела со броеви на граничните премини кога одекна истрел – поранешниот претседател беше застрелан во уво пред агентите на Тајната служба да го изведат од бината. Во инцидентот се убиени напаѓачот и уште едно лице.

Инцидентот се случи неколку дена откако Трамп гордо го претстави својот 18-годишен син Барон на толпата во Флорида за прв пат на политички митинг. Не е потврдено дали Меланија и Барон биле на митингот – Трамп не ги претстави на почетокот на синоќешниот митинг.

Се очекува Меланија да присуствува на републиканската национална конвенција следната недела. Извор запознаен со плановите на конвенцијата изјави за NBC News дека поранешната прва дама ќе биде присутна на четиридневниот настан во Милвоки, каде Трамп официјално ќе ја прифати номинацијата од неговата партија.

Изворите за американските медиуми велат дека Меланија за време на обидот за атентат на сопругот била во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида или Њујорк, зааедно со синот Барон.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....