5.8 C
Скопје
02:02 - 21 февруари, 2026

Јована Јеремиќ со плачлив глас: „Ако на Драган нешто му се случи…“

Водителката Јована Јеремиќ проговори за нејзиниот сегашен партнер, бизнисменот Драган Станковиќ и нејзиниот поранешен сопруг Воја Милошевиќ.

-Сите се гордеат со мене, мојот прв сопруг, Драган сега е неоженет… Тој ми е втор сопруг. Воја навистина ми кажа во една прилика, бевме на паркингот на „Пинк“, ме прегрна и ми рече: „Среќен сум што имав можност еден дел од животот да бидам дел од историјата за која ќе се зборува, а тоа е твојот живот“ , и тогаш ми надојдоа солзи – рече таа, додека гласот ѝ трепереше.

„Јас и тој навистина поминавме низ многу тешки периоди. Воја беше со мене кога јас стварно немав…Кога немавме, а кога се сакавме! Тој навистина ме поддржуваше цело време, секогаш беше свесен дека јас можам, и тој и мојата покојна свекрва…Милион пати се фаќам себеси како размислувам за неа, колку таа би била среќна да го види се ова сега, да може да види колку Леа е талентирана, Леа е премногу талентирано дете за уметност. Мојот прв сопруг не можеше да го следи она што јас го сакав. Во еден период од животот за мене беше фантастичен. Таков треба да ми остане во сеќавање! Утре ако нешто се случи со сегашниот партнер…па, зарем не треба да останеме во феноменални односи? Ќе даде Бог тоа да не се случи, но ако се случи, ние треба да останеме океј, тој ме формираше мене, тоа што јас сум денес. Драган умее да ме следи, тој ги остварува моите сништа“, вели Јована за „Пинк“.

„Во најголемите успеси покрај образованието, кариерата и Леа, го вбројувам и својот прв брак, односно мојот однос со мојот прв сопруг. Мојот најголем успех е нашиот однос после нашиот складен брак, кога докажав дека не е секој развод пораз. Мојот развод беше мојата најголема победа! Паѓаат луѓе во погрешни односи, кога се двајца а осамени се. Тоа е промашен живот, а успешно разведен брак е најголема победа и успех! – истакна водителката Јеремиќ.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....