20:29 - 24 септември, 2026

Јована Јеремиќ рони солзи за ќерка ѝ, не сакала да прозбори три години: И тоа поради разводот!

Јована Јеремиќ, водителката на „Ново утро“, гостуваше во подкаст каде отворено зборуваше за својата ќерка Леа. Јована со многу емоции го сподели своето искуство за односот со ќерката и за заедничкото патување низ животот.

Јована истакна дека нејзината ќерка Леа покажувала отпор и не сакала да зборува до нејзината три ипол годишна возраст, што бил нејзиниот начин да се справи со разводот на нејзините родители. Сепак, Јована истакнува дека смета дека се што се случило имало своја причина и дека денес заедно со ќерката е таму каде што треба да бидат.

– Никогаш не сум го споредила моето дете со ниту едно друго дете. Не сум сакала тоа ни мене да ми го прават, а камоли јас на Леа. Мајка ми многу се секираше, на почеток имаше прашање дали е нормална, дали има синдром, а кога се констатираше, знаев дека тоа е мрзеливост, па почекав малку. Најмногу плачев кога требаше да работам, нехумано беше тоа што работам наутро, па спијам четири часа, па се враќам да правам реални шоуа, јас го испуштив растењето на моето дете, не беше до мојата волја. Да одбиев, ќе завршев на улица, моите никогаш не ми помогнаа… – изјави Јована во поткастот.

Јована отворено призна дека имала свои грешки во родителството, но истакна и дека успеала да ги коригира. Нагласи дека Леа сега способна се да работи сама, и дека е горда на тоа како нејзината ќерка се стабилизирала.

Слични објави

Стави ботокс на 22 години – Ѓина Џиновиќ позираше разголена, но сите гледаа во нејзиното лице

Еспресо

(Фото) Северина откри каде отпатувала на одмор и со кого ужива

apostolova

„Сакам да ја почувствувам магијата на татковството“: Саша Ковачевиќ сака да присуствува на раѓањето на својот син

Еспресо

Трагедија во семејството на Мирослав Илиќ: Се удави неговиот братучед, се огласи пејачот скршен од болка

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Репродуктивно здравје и бременост — што треба да знаете

Еспресо

Синот на Сека Алексиќ полни 10 години – пејачката со години се бореше за потомство

Еспресо
Се вчитува....