09:38 - 13 ноември, 2026

Јосипа Лисац за успехот на Пријовиќ: „Зборовите тука звучат глупаво“

Концертите на Александра Пријовиќ привлекуваат големо внимание, не само од публиката која ја опсипува со комплименти, туку и од јавните личности кои во голема мера ја поддржуваат.

Посебен интерес предизвикаа настапите на Прија во Загреб, уште пред да се одржат.

Беше дочекана како сензација, а успеа да распродаде дури пет концерти. Имаше изјави од познати личности дека „не слушнале ниту една песна од Александра Пријовиќ“, но сепак, многумина излегоа во нејзина одбрана.

– Зошто да немаме свој избор? – изјави Јосипа Лисац за концертите на Прија.

„И јас имам концерти кои се полни и распродадени, и други имаат концерти кои се полни и распродадени, тука нема никаква љубомора. Не сакам ништо против да кажам“ – нагласи музичката дива, па продолжи во свој стил:

„Особено кога се тука луѓето кои ги платиле своите билети, па тоа е фантастично. Зашто јас знам некои концерти на кои половина од билетите се поделени бесплатно“.

„Дали има правда? Не знам. Но ако си ти спремен за концерт и можеш да го распродадеш, феноменално! Тука нема зборови. Зборовите тука звучат глупаво. Кога ќе се направи репортажа (од концертот), тоа покажува се“ – објасни Јосипа.

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....