5.8 C
Скопје
18:28 - 18 февруари, 2026

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Популарниот пејач Слоба Радановиќ, по јавната прељуба во првата сезона на „Задруга“ и крахот на бракот со Кија Коцкар, среќата ја најде покрај Јелена, со која се ожени и доби син. Тој не крие дека Јелена му е најголема поддршка во животот, а таа сега во емисијата кај Огњен Амиџиќ искрено проговори за животот со пејачот.

Во разговорот со водителот, Јелена одговори на прашањето кој е „главен“ дома.

– Мислам дека јас сум. Би сакала да можам сите обврски и одлуки да ги префрлам на некој друг, ама изгледа дека сепак јас сум малку повеќе главна – призна таа, па низ смеа додаде:
– Сите жени се главни дома, само некаде се зборува за тоа, а некаде не.

На прашањето колку има влијание и врз музичката кариера на Слоба, Јелена откри:

– На почетокот спонтано му давав сугестии, а сега ми вика: „Преслушај ги песните и кажи ми што да пробам“. Не се жалам, забавно ми е, уметноста и музиката ми се блиски – беше искрена Јелена.

Огњен се наврати и на тежок период од самиот почеток на нивната врска, кога на социјалните мрежи добивале ужасни коментари.

– Тоа беше пекол, се колнам. Не можев да верувам дека постојат такви лудаци. Ми беше ужасно, ама за среќа траеше кратко. Слоба многу ми помогна, ми објасни дека тоа не се просечни луѓе, туку специфична група што го гледала шоуто и го доживува на свој начин – се присети Јелена и откри колку ѝ било тешко.

– Буквално имав анксиозност, не можев ни до продавница да излезам. Си замислував дека сите ништо не прават, само седат и мислат: „Еве ја оваа од новините“, а всушност луѓето баш ги боли уво за тебе.

Со оглед на тоа што живеат со три деца, Огњен ја праша како се снаоѓаат.

– Како можеш со три деца? Не знам, не знам поинаку. Така ни е како што ни е, функционираме тамам. Он влезе во мојата приказна – рече Јелена.

На прашањето со што ја освоил Радановиќ, таа се присети:

– Ми се допадна физички, како кукла е, тамам мој тип маж. Емотивен е, нежен. Екстремно ги почитува жените – и мајка му, и мене… Ми се допадна уште тогаш. Кога се запознавме, се случи некое лудило, целата таа ноќ…

– Мислам дека сме тотално различни, како два света. Тој има помирна енергија, не е многу енергичен, ама е потемпераментен од мене. Ќе се изнервира во сообраќај или поради некој наслов, а јас ќе пуштам музика – мене тоа не ме погодува.

Слични објави

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо
Се вчитува....