20:10 - 2 ноември, 2026

Јанко Илковски се огласи од болница, откако престана да се емитува „Јади бурек“

Новинарот Јанко Илковски се огласи од болница, откако згасна неговата емисија „Јади бурек“  по долги години, и стана негов заштитен знак.

-Се зачленив и јас, кој сака нека честита-напиша тој до сликата од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, до таблата до која пишува „Шалтер за нови пациенти“.

На 26 ноември, тој ја одјави емисијата која се емитуваше на Тв „Сонце“ и напиша дека ја продава сценографијата.

-СЕ ПРОДАВА СЦЕНОГРАФИЈА
Панели, позадина, голема маса, стаклена округла маса и полица. (не столиците, тие не се на продажба) понеудете цена, колку побргу толку поевтино ќе ја дадам – ваш транспорт, преземање директно од студиото на ТВ Сонце во наредните пар дена. Ако не си ја собирам и ќе седи кај мене дома, но тогаш цената многу повисока, поради транспортни трошоци.
П.С. Инаку, „Јади Бурек“ престана да се емитува. Благодарам за дружбата. За судбината на ТВ
„Сонце“ не ме прашувајте, не е мое да кажам, никогаш не бев вработен таму, вечен хонорарец, затоа и немам никаква потреба ни да објаснувам.
– Засега нема интерес од друга ТВ „Јади Бурек’ да ја преземе. Засега немам чисти услови да стримам + немам спонзори, а не сум ги ни имал, пеј пер вју не може да покрие ни сметка за интернет, а камо ли останато. Имам други здравствени искушенија и тука ми е фокусот- напиша Јанко Илковски.

Слични објави

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо
Се вчитува....