08:56 - 4 април, 2026

Изненадувачки пресврт: Бред Пит ја доби правната битка против Анџелина Џоли

Холивудскиот актер Бред Пит ја врати контролата врз француската винарија Шато Миравал, која ја купи со поранешната сопруга Анџелина Џоли, по пресвртот во таканаречената „Војна на розовите вина“.

Откако се разделија во 2016 година, поранешната двојка се бореше за старателството над нивните деца. Винаријата исто така е контроверзна тема веќе некое време. Откако Анџелина наводно ги продала своите акции од имотот без негова согласност, Пит ја тужел својата поранешна сопруга. Нејзините адвокати потоа поднесоа противтужба.

Винаријата, каде Бред и Анџелина се венчаа и во 2014 година, веќе извесно време е во центарот на судската битка меѓу актерите. Таа ја продаде својата половина од винаријата на конгломератот за пијалоци на рускиот милијардер Јури Шефлер. Во летото 2021 година, Бред наводно дознал преку соопштение за печатот дека Анџелина го продала својот удел на руски олигарх, кого тој претходно го одбил како купувач.

Бред потоа поднел тужба против неговата поранешна сопруга, обвинувајќи ја дека се обидела да го исклучи од можна продажба, додека таа самата направила се што може за да се ослободи од својот дел. Дотогаш и двајцата сè уште поседуваа 50 отсто од акциите во луксузниот имот.

Сега, како што пишува „Дејли мејл“, судот во Луксембург на компанијата на Шефлер ѝ одзеде дел од акциите кои Бред првично ѝ ги подари на Анџелина, со што холивудската ѕвезда го врати водството во судската битка. Извор близок до актерот рече дека Шефлер, кој ја предводи империјата на вотката Столичнаја, „практично нема зборови“ како резултат на пресудата.

Изворот додаде: „Бред се бореше за својата цел на секој чекор. Шефлер и Анџелина очигледно го потценија“.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....