-0.2 C
Скопје
06:35 - 10 март, 2026

„Изјавите на Меган Маркл и принцот Хари се целосно контрадикторни“, тврдат од Нетфликс, кој сака да го прикаже документарецот до крајот на годината

Во нивниот долгонајавуван документарен филм, Меган Маркл и принцот Хари треба да дадат увид во нивниот приватен живот, но и во животот на кралското семејство, кое театрално го напуштија во 2018 година и се преселија во Калифорнија. Наводно, Нетфликс инсистира парот да побрза да го заврши проектот бидејќи сакаат да го прикажат на почетокот на декември, но сè уште има нерешени прашања.

Извори за американските медиуми велат дека Нетфликс и режисерите на серијата се збунети од некои коментари кои Хари ги дал во неговата книга што наскоро треба да излезе во печат, кои биле целосно спротивни со она што тој и неговата сопруга го кажале пред камерата.

„Многу работи во серијата противречат на она што го напиша Хари. Покрај тоа, Хари и Меган побараа од режисерите да ја повлечат содржината која сами ја обезбедија за нивниот проект“, открил извор од Нетфликс.

Кралската двојка сакала да го пролонгира проектот до следната година, бидејќи продолжуваат да ја уредуваат содржината, но раководителите на Нетфликс инсистирале серијата да биде прикажана по петтата сезона на серијата „Круна“, која започнува на 5 ноември.

Повеќе извори потврдија за Page Six дека Нетфликс стои на своето и дека документарецот ќе се емитува на почетокот на декември. Се претпоставува дека Меган и Хари, кои го снимале материјалот со режисерката Лиз Гарбус повеќе од една година, пред камерите зборувале многу за кралското семејство, вклучувајќи ги принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и за кралот Чарлс и кралицата Камила, и сега наводно сакаат нешто од тоа да исфрлат.

Но, проектот мора многу брзо да го завршат бидејќи на Нетфликс му требаат повеќе недели да го уредат и преведат на други јазици.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....