7.8 C
Скопје
10:01 - 1 април, 2026

ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА: Макрон во водство со 28,1% пред Ле Пен со 23,3%

Претседателот во заминување Емануел Макрон води со 28,1 отсто, а Марин Ле Пен има 23,3 отсто во првиот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат првите излезни анкети објавени по затворањето на избирачките места во 20 часот. Вториот круг ќе се случува в недела на 24 април.

Резултатите од првата излезна анкета беа дочекани со вистинска експлозија од радост кај поддржувачите на Макрон, кој моментно има говор (закажан за 21 часот).

„Францускиот народ ми ја даде честа да излезам во вториот круг. Искажувам искрена благодарност до гласачите. Гледам надеж дека силите за закрепнување на земјата се зголемуваат. Сите оние кои денеска не гласаа за Емануел Макрон се повикани нам да се приклучат“ – рече Марин Ле Пен, кандидат, лидерка на партјата Национален совет (Rassemblement National), по објавувањето на делумните резултати.

Но, секако не изостанаат и апелите на останатите кандидати да гласаат за Макрон на гласачкото ливче во вториот круг.

„Апелирам во вториот круг да се гласа за Емануел Макрон против екстремната десница на Марин Ле Пен. Ова го изјави социјалистичката кандидатка Ана Идалго, која освои само 1,96%. Истиот став го соопшти и републиканскката кандидатка Валери Пекрес. Подоцна, лидерот на екстремното левичарско движење Меланшон рече: „Ниту еден глас за Ле Пен на гласачкото ливче“.

Само Ерик Земур, десничарскиот претседателски кандидат, кој беше меѓу главните кандидати, ги повика гласачите да гласаат во недела за Ле Пен.

Учеството на изборите се намалува. Стапката на апстиненција во првиот круг од француските претседателски избори изнесуваше 26,2%: повисока од 22,2% во првиот круг од претходните избори во 2017 година, но пониска од рекордот постигнат во 2002 година.

 

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....