6.8 C
Скопје
11:00 - 21 февруари, 2026

Истрагата е при крај: Повеќе луѓе би можеле да бидат обвинети за смртта на Метју Пери

Осум месеци откако актерот Метју Пери почина од „акутни ефекти на кетамин“, полицијата верува дека „повеќе луѓе“ треба да бидат обвинети за неговата прерана смрт.

Истрагата за смртта на Пери е „блиску до завршување“, изјави извор за списанието Пипл. Тој, исто така, откри дека американското обвинителство ќе одлучи дали ќе покрене обвинение против неколку луѓе.

Ѕвездата на „Пријатели“ почина на 28 октомври минатата година откако се удави во топло џакузиво својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години.

Претставници на полицискиот оддел во Лос Анџелес потврдија за Fox News Digital дека одделот сè уште активно работи на истрагата.

„Одделот води отворена и тековна истрага за смртта на Метју Пери“, соопштија властите.

За овој медиум од американското обвинителство не сакале да зборуваат за статусот на истрагата.

Минатиот месец, полицискиот капетан во Лос Анџелес, Скот Вилијамс, во е-пошта рече дека полицискиот оддел работи со ДЕА и американската поштенска инспекциска служба за да утврди зошто Пери имал толку многу кетамин во неговиот организам кога починал, објави Асошиејтед прес.

Според обдукцијата на Пери, во неговиот желудник биле пронајдени траги од кетамин. „Точниот начин на количината на внес на кетамин во случајот на г-дин Пери е непознат“, се вели во извештајот.

Други состојби кои придонеле за неговата смрт вклучуваат „болест на коронарната артерија,  ефекти на бупренорфинот“, се вели во извештајот.

Според обдукцијата, во неговиот стан биле пронајдени и „лекови на рецепт и апчиња во прав“.

Кетаминот е дисоцијативен анестетик со „воспоставена медицинска и хируршка употреба“, беше наведено по обдукцијата. Наводно, Пери примал „терапија со инфузија на кетамин за борба против депресија и анксиозност“.

Неговиот последен познат третман бил повеќе од седум дена пред неговата смрт, но лекарот утврдил дека „кетаминот во неговиот организам во моментот на смртта не можел да биде од таа инфузиона терапија бидејќи ефектите на кетамин траат три до четири часа или помалку. ”

Пери, кој е роден во Масачусетс и израснат во Канада, имал 24 години кога почнал да го игра Чендлер Бинг во популарната ситком Пријатели.

„Пријатели“, една од најгледаните телевизиски серии, првпат дебитираше на Ен-Би-Си во 1994 година, а главните улоги ги толкуваа Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кидроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.

.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....