01:13 - 12 ноември, 2026

Исплива гласовна порака на Ана Николиќ во екот на скандалот со Раста: „Ми зедоа сè што е материјално“

Стефан Ѓуриќ Раста и Ана Николиќ се главна тема на јавноста во изминативе неколку дена откако пејачот ја објави нивната приватна преписка, во која се гледа дека раперот и напишал на пејачката дека нивната ќерка Тара ќе ја види само во простории на Центарот за социјална работа.

Ана потоа за српските медиуми проговори за својот поранешен сопруг, а изјавила дека до крај ќе се бори за својата ќерка.

„Мене мојот имиџ ми е јасен, јас не успеав да се уништам, па најмалку тоа ќе го направи личноста Х, тоа е невозможно. Нема веќе никој да се к**чи без покритие, нарко трафикант, не се сеќавам дека сум го посетувала на Сорбона, ни на Принстон, туку во затвор, а всушност воопшто тоа не ми е обврска, одамна ние сме разведени – рекла Ана во гласовна порака која кружи на социјалните мрежи и додала:

„Ако старателството му го дадат на Раста, Путин да фрли на нас атомска бомба зашто ова не е нормално, до кога веќе…Јас се прашувам, јас го имам старателството, сите баравте материјално, а јас барав само старателство. За да ми дадат полно старателство ми зедоа се што заедно создававме, па повелете материјално, мене тоа не ме интересира. Јас сум сепак Ана, мајка на Тара Ѓуриќ, не сум сурогат мајка“, рекла Ана за српски Пинк.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....