10.8 C
Скопје
18:38 - 12 март, 2026

Ирина Шајк со контраверзна објава го поддржува Путин, се правда: „нема шифрирана порака“

Додека војната во Украина продолжува да сее смрт и уништувања, Итоп моделката Ирина Шајк, позната руска манекенка (позната меѓу другото и по врската со Бредли Купер), заврши во очите на јавноста поради фотографија на која се чини дека ја покажува сета нејзина поддршка на Путин.

Споделувајќи фотографија од руска салата, Шајк напиша: „русијанзз во среда“ (russianzz on Wednesday) и веднаш се најде во центарот на критиките особено поради нагласената употреба на буквата З, буква која стана симбол на оваа крвава битка и која од февруари доминира на руските тенковите и сите други руски воени возила.

По оваа фотографија вистинска бура ја погоди манекенката која не можеше а да не одговори на обвинувањата посочувајќи дека фотографијата нема никаква политичка конотација ниту политичка порака.

„Понекогаш салата е само салата. Ветувам: нема шифрирани пораки или политички коментари нема. Ви посакувам многу љубов“, напиша моделката.

И додека Ирина Шајк е на мета на хејтерите за овој контроверзен испад, нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер, откако го надмина трешкиот период, конечно изгледа подготвен да продолжи понатаму, барем сентиментално. Всушност, се шпекулира дека ѕвездата од „Ѕвездата е родена“ веќе некое време се гледа со Хума Абедин, американска политичарка, на повеќето позната како потпретседателка на изборната кампања на Хилари Клинтон во 2016 година.

(Фото) Ниту е модел ниту глумица: Хума Абедин е новата љубов на Бредли Купер, еве што знаеме за неа

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....