7.8 C
Скопје
05:37 - 22 април, 2026

(Фото) Ниту е модел ниту глумица: Хума Абедин е новата љубов на Бредли Купер, еве што знаеме за неа

Дали Бредли Купер повеќе не е сингл? Се чини дека актерот и режисерот на филмот „A Star Is Born“ има нова љубов. За кого се работи?

Според Пејџ Сикс, госип изданието на Њујорк Тајмс, Бредли Купер веќе извесно време (неколку месеци) се гледа  со Хума Абедин, политички соработник – потпретседателка на кампањата на Хилари Клинтон за претседателите избори на САД во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Velotta (@antoniovelotta)

Хума е поранешната сопруга на политичарот Ентони Вајнер.

Според извор на весникот, 47-годишниот Бредли Купер и 46-годишната Хума Абедин ги запознала главната уредничка на Вог Америка -Ана Винтур, која е блиска пријателка и на двајцата: „Ана дефинитивно била Купидон. Таа е најдобрата пријателка на Бредли, и ја сака Хума“.

Друг холивудски инсајдер потврдува дека „Бредли веќе неколку месеци тивко се забавувал со Хума и тие ја луваат својата врска многу приватна. „Бредли раскина со Дијана Агрон и почна да излегува со Хума “, вели изворот.

Веста за наводната врска на Бредли Купер со Дијана Агрон, позната по улогата на Квин Фабреј во серијата Glee, излезе дури сега, истовремено со онаа на Хума Абедин, и не е јасно колку долго се забавувале.

Изворот на ПејџСикс додава дека Хума Абедин „им кажала на некои пријатели“ дека има „нов човек… но не кажа кој е тој“ и тврди дека тие двајца „се совршени еден за друг. И двајцата се заинтересирани за моќ, политика и човечки права“.

Се зборува и дека Бредли и Хума пристигнале заедно на последната Мет Гала, но потоа се разделиле на црвениот тепих.

Исто како и Абедин, Купер има распаднат брак зад себе: тој беше во брак со актерката Џенифер Еспосито од 2006 до 2007 година. Тој исто така имаше врски со Рене Зелвегер, Зои Салдана, Суки Вотерхаус и Ирина Шајк, со која раскина во 2019 година и со која ја има ќерката Леа Де Сејн Шајк Купер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Velotta (@antoniovelotta)

Слични објави

(Фото) Сузана Манчиќ изненади со торта со бројот 50 – поранешната лото девојка прослави пола век кариера

Еспресо

(Фото) Голем букет со цвеќе ѝ пристигна на Цеца! Пејачката доби и необично писмо, зборовите ја трогнаа

Еспресо

Знаете ли колку е богата Сидни Свини?

Т.Ц.

„Како да не се мои деца“: Ела Дворник проговори за своите ќерки кои не живеат со неа

Еспресо

Марија Кулиќ примена во болница: „Ќе бидам тука додека не ги направам сите анализи“

Еспресо

(Фото+видео) Сите трансформации на Северина: Како изгледала пејачката пред 36 години?

Еспресо
Се вчитува....