13:20 - 2 април, 2026

Ирина Шајк не е единствена во животот на Брејди: „Тој се гледа со различни девојки“

Том Брејди и Ирина Шајк го „урнаа“ интернетот кога се појави веста за нивната „врска“ по разводот на Брејди со супермоделката Жизел Бундхен, но иако многумина веруваа дека двајцата имаат блескава љубовна иднина, изгледа дека спортистот не е „екслузивно“ само со Шајк.

Извори блиски до Том Брејди тврдат дека неговата врска со Шајк „не е ексклузивна“ и дека тој излегува на средби и со други девојки во Мајами и Њујорк Сити.

Според Page Six, 37-годишната Шајк сама му „се нудела“ на легендата на Супер Боул, првпат кога биле видени како се дружат на свадбата на трговецот со уметнички дела Џо Нахмад.

Потоа, тие уште еднаш ги наполнија таблоидите кога беа фатени од папараците во Лос Анџелес како таа влегува во домот на Брејди, а подоцна, повторно беа фотографирани во Њујорк во суши ресторан на Менхетен каде имале средба на „многу приватна вечера“, според упатените. Конечно се „уловени“ и во ист хотел во Лондон.

Во август, Ирина Шајк беше видена како поминува извесно време во Италија со поранешниот партнер, актерот Бредли Купер, но оваа недела беше видена и во Њујорк за време на Модната недела, на пат до станот на Том во Трибека.

Во меѓувреме, Page Six исто така објави дека Шајк се надева дека ќе се омажи со Бредли Купер, според извори блиски до Ирина, но само доколку Том нема сериозни намери за врска со неа. Инаку, моделката со глумецот имаат заедничко дете, Леа.

Брејди е во различни романтични комбинации само кратко време по неговиот развод со бразилската бомба Жизел Бундхен, а според упатените „многу малку е веројатно дека тој ќе влезе во посветена врска веднаш по неговата врска со моделот на Викторија Сикрет“.

Бројни извори го поддржуваат ова мислење и тврдат дека Том „не е заинтересиран да биде сериозен со никого во моментов. Негови приоритети се неговите деца и неговите деловни интереси, а ќе има повеќе супермодели во неговата иднина“.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....