09:46 - 19 декември, 2025

ИНТРИГАНТНО ОТКРИТИЕ НА ИМОТОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: Археолозите откриле интересни тајни!

Имотот Алторп е сопственост на семејството Спенсер од 1508 година, иако неодамнешните откритија покажуваат дека бил населен многу, многу порано пред нив.

Книгата на страшниот суд (на анг. „Domesday book“) која е составена во 1086 година од страна
на кралот Вилијам Освојувачот 20 години по битката на Хастингс и освојувањето на Англија, претставува споменик за поделбата на земјата меѓу кралот и нормандиските феудалци. Тоа е еден од првите пописи на населението и земјата во историјата.

Во таа книга, на денешниот имот Алторп, се наоѓало селото Олеторп, кое мистериозно исчезнало, а се верува дека во 14 век било избришано од Црната смрт.

Со цел да се дојде до коренотна оваа приказна и конечно да се реши мистеријата за неговото исчезнување, грофот Чарлс Спенсер, кој самиот се занимава со археологија, историја и истражување, започнал археолошки истражувања на имотот, каде што пораснал заедно со своите сестри.

Истражувањето било предводено од тим археолози од Оксфордскиот институт за дигитална археологија (ИДА). Археолозите го истражувале делот околу паркот на Алторп во потрага по мистериозното село, и на нивно големо изненадување, нашле докази за активности на Неандерталците.

Тимот откриените артефакти првично ги лоцирал во средниот век – меѓутоа, заедно со други наоди, кога одредени артефакти биле однесени во лабораторија, анализите на јаглерод откриле дека некои се стари повеќе од 40.000 години, што се совпаѓа со последните денови на неандерталците во северозападна Европа.

Резултатите од анализата на Оксфордскиот институт за дигитална археологија (ИДА) во септември оваа година се најдоа и на нивниот официјален твитер-профил. „Нашата анализа на јаглеродот даде изненадувачки резултати! Се чини дека Алторп бил населен многу подолго отколку што се мислеше. Тоа е комплексно место со многу интересни тајни!“, напишаа тие.

Имотот Алторп, со својот семеен дом, му припаѓа на семејството Спенсер од 1508 година и опфаќа околу 13.000 хектари земја во Западен Нортемптоншир.

Во срцето на имотот е и куќата каде што живеела принцезата Дијана како мала, и откако починала во 1997 година, била погребана на малото островче на езерото познато како Овал во рамките на имотот.

Слични објави

(Видео) Талентирана како својот татко: Дарко Лазиќ свиреше на клавир со малата Срна

Еспресо

(Видео) Вака печалел Тони Михајловски кога немало пари од глумата

msp-admin

Здравко Чолиќ ќе заработи 500.000 евра од концертите во Сараево: Сите спонзори сакаат да бидат дел од четирите спектакли!

Еспресо

(Видео) Калиопи искрено кажа што мисли за Теа Таировиќ и Бресквица

msp-admin

Дневен хороскоп за 19 декември: Добар период за планирање, но не и за ризични потези

apostolova

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.
Се вчитува....