1.8 C
Скопје
08:16 - 25 декември, 2024

Интервју со д-р Славјанка Станоевска Стојковски, болница „Санте Плус“: Водење на нормална бременост

Д-р Славјанка Станоевска Стојковски во приватниот живот е мајка на две деца и сопруга. Нејзина страст кон медицината датира од нејзините најрани години.

„Задоволството да се помогне на човек кој има одредена мачнина е непроценливо. Како лекари, освен што се грижиме за здравјето на пациентите, моја пасија е и здравиот начин на живот и здравата исхрана“, ни открива д-р Станоевска Стојковски, специјалист по гинекологија и акушерство, објаснувајќи дека вежба четири пати во неделата.

Најубавиот дел од денот ѝ е кога ќе се врати дома и ужива во друштво на нејзиното семејство што ѝ дава сила и енергија да продолжи понатаму во професионалната работа. Во слободно време пишува, зад себе има објавен роман посветен на мајка ѝ со која особено се гордее.

„Мислам дека нема поубава професија од мојата, во која доживуваш секојдневно радост при раѓање на нов живот, непроценливо богатство е“, вели д-р Станоевска Стојковски на почетокот на разговорот.

Колку време трае нормалната бременост?

– Бременоста трае десет лунарни месеци, 40 недели или 280 дена. Поделена е на три триместри. Првиот триместар го опфака периодот на зачнувањето и органогенезата и трае до 13 г.с. од бременоста. Вториот триместар е периодот на растот и развојот на плодот и го опфака периодот од 14-26  г.с.Третиот триместар е периодот од 26 г.с. до породувањето, тоа е фазата на понатамошен раст на плодот и подготовката за породување што се случува термински во 38-40 г.с. Доколку раѓањето се случи пред 37 г.с. се смета за предтерминско породување. Водењето на бременоста започнува со првиот преглед за утврдување на бременоста и нејзината локализација. Обично сите девојки и млади жени после задоцнување на менструалниот циклус од две недели и повеќе, треба да направат преглед кај гинеколог и да се утврди дали се работи за бременост или има друга причина за задоцнување на менструалниот циклус. Првиот преглед се прави со ултразвук со што се детектира каде е лоцирана бременоста (дали е во матката или надвор од неа) и гинеколошки преглед со спекулум. Ултразвукот е денес неизбежна метода во следењето на секоја бременост. Во првиот триместар се изведува со вагинална сонда, а во понатамошното следење на бременоста, со абдоминална сонда. Со првите прегледи се детектира лоцираноста на бременоста дали е во матката или е вон матката-вонматерична бременост (тубарна, оваријална, абдоминална). На почетокот се детектира сакусот и вителинската вреќичка, дали се работи за единечна или мултипна бременост, а подоцна, околу петтата недела на бременоста се развива и ембрионот. Во 6-7 гестациска недела, веќе се детектира циркулацијата и срцевата акција на плодот. Ултразвукот денес се користи речиси при секоја посета на гинеколог и е корисен во следењето на растот и развојот на плодот, за конгениталните малформации, во дијагностицирање на мултипната бременост, позицијата на плацентата, количината на околуплодовата вода, ризикот од застој во растот на плодот, присуството на миоми и аднексални маси.

Лабораториските прегледи се изведуваат во текот на целата бременост, во сите три триместри и најчесто опфаќаат анализа на крвната слика, крвна група, седимент на урина, микробиолошки брисеви, по потреба уринокултура, хемостаза на крвта и други анализи.

Во што е корисноста на ултразвукот во првиот триместар од бременоста?

– Ултразвукот во првиот триместар од бременоста се користи во утврдување на локацијата на бременоста (интра или екстраутерина), да се утврди гестациската (менструална) старост, да се утврди развојот на сакусот, плодот и срцевата акција на плодот и повеќеплодовите бремености, морфолошките абнормалности во развојот на плодот, да се утврдат ев.маткини фиброми и аднексални маси и појавата на крварења на почетокот на бременоста и патолошки состојби како што е Molla hydatidosa.

Какви лабораториски иследувања се неопходни во првиот триместар?

– Лабораториските иследувања во првиот триместар опфаќаат контрола на крвната слика кај трудницата, седимент на урината, одредување на крвна група и ев.тестови за сензибилизација кај Rh-негативните мајки, по потреба уринокултура и микробиолошки и серолошки иследувања. PRISCA тестот, комбинација на УЗ преглед на плодот во комбинација со возраста на пациентката и биохемиските маркери од серумот на мајката (PAP-A-плазматски А протеин и f BHCG-слободен хорионски гонадотропин), се изведува во 12-13 г.с. од бременоста и доколку има отстапувања во нормалните вредности се утврдува можноста од појава на одредени синдроми и потребата од доплонителни генетски анализи (Хорионбиопсија и Амниоцентеза). На крајот на првиот триместар 12-13 г.с. се земаат и микробиолошки брисеви (вагинален, цервикален, брис за Chlamidia и Micoplasma-Ureaplasma), ПАП тест (доколку не е земен пред бременоста) како и TORCH-серолошки анализи по потреба. Кај TORCH анализите (Toxoplasma, Rubela, CMV, HSV како и останати-HbS,HCV, Луес, HIV, Parvo B19 и др.) се одредува присуството на антителата IgM –свежи инфекции и IgG-стари инфекции, што има значење во прогнозата и третирањето на овие инфекции и нивните ефекти врз плодот и бременоста.

Зашто е важно ултразвучното следење во вториот триместар?

– Ултразвучното следење во вториот триместар се изведува со трансабдоминална сонда и е многу значајно зашто се следи растот и развојот (феталниот раст) на плодот, феталните аномалии, гестациската старост и тежината на плодот, презентацијата на плодот во матката, следење на крварењата во оваа фаза на бременоста, состојбата и количината на околуплодовата вода и позицијата и зрелоста на постелката и појавата на плацентарни крварења. Исто така, доколку се присутни, се следи растот и локализацијата на утерините фиброми и аднексалните маси со УЗ. Во 20-22 г.с. од бременоста се прави и УЗ скрининг на аномалии кај плодот, при што се прави комплетна УЗ анализа на плодот од глава до пети, со анализа по органи и системи. Се анализира конфигурацијата на главата и лицевата регија, развојот на мозочните структури, вратната регија, рбетниот столб, тораксот, плуката и дијафрагмата, срцето и големите крвни садови, стомакот и органите во него, екстремитетите, окоскувањето, гениталиите и полот на плодот, количината на ОПВ, постелката и папчаникот. Доколку со УЗ се утврди некоја отстапка во развојот на фетусот може да се назначат и дополнителни иследувања како на пр.MRI, Doppler-анализи, лабораториски иследувања.

Што опфаќаат лабораториските иследувања во вториот триместар?

– Лабораториските иследувања во вториот триместар ги опфаќаат контролата на крвната слика и појавата на анемии кај трудницата, следење на леукоцитите (инфекции) и бројот на тромбоцитите. Се следи гликемијата и можноста за појава на скриен шеќер во бременоста и доколку има индикација се прави и ОГТТ (тест со оптоварување со гликоза), за дијагностицирање на гестациски дијабетес во 24-28 г.с. Се следи крвниот притисок и лабораториски анализи за предикција на развојот на гестозите (покачен КП, протеинурија и појава на едеми) – прееклампсии. Се следи крвниот притисок, протеинограмот и одредени деградациони продукти во серумот. На крајот на вториот триместар од бременоста околу 27 г.с. од бременоста, кај Rh-негативните мајки се прави анализа за присуство на антитела на Rh антигените (Indirekten Koombs test), и доколку е негативен се спроведува серопрофилакса кај нив. Доколку е позитивен, не се спроведува, туку се следи титарот на антителата кај трудницата.

Што се препорачува за третиот триместар од бременоста?

– Во третиот триместар се продолжува со УЗ следење на растот и развојот на плодот и евентуална појава на заостанување во развојот на плодот (SGA), или побрзиот раст на плодот и раѓање на макрозом (при присутен гестациски дијабет). Ултразвучно се следи гестациската старост и тежината на плодот, неговата поставеност во матката (презентација на плодот), количината на околуплодовата вода и состојбата на постелката. Во 35 г.с. од бременоста се зема и брис за GBS (стрептокок), за профилакса и заштита од стрептококна сепса кај плодот во текот на раѓањето, и по потреба се прават и други микробиолошки иследувања. Од 36-37 г.с. од бременоста започнува следењето на плодот со CTG (кардиотокографија). Со неа добиваме информација за работата на срцето на плодот и оксигенацијата на ткивата на плодот, како и појавата на еевентуални контракции на матката со кои отпочнува раѓањето на плодот. Терминско породување се смета раѓањето од 38-41 г.с . Породувањето кое започнува пред 37 г.с. се смета за предтерминско породување . Раѓањето после 42 г.с.од бременоста се смета за посттерминско породување

Прегледите во бременоста ги изведува матичниот гинеколог. Доколку има одредени ризици по мајката и плодот, пациентката може да биде проследена на повисоко ниво во секундарна и терцијарна здравствена установа и во специјализирани перинатални центри. Прегледите кај нас, во „Санте Плус“, обично се закажуваат на 4-6 недели. Доколку е бременоста во ред, може и на подолги интервали. Важни прегледи со ултразвук се во 12-13 г.с., во 20-22 г.с. и околу 32 г.с. од бременоста.

Какво може да биде породувањето?

– Бременоста завршува со чинот на раѓање, кој е круна на целото водење на бременоста. Породувањето може да биде спонтано, во исклучителни случаи со вагинална манипулација (форцепс, вакум) или со царски рез што зависи од многу фактори, меѓу кои поставеноста на плодот во утробата на мајката, големината на плодот, зрелоста на плодот при раѓањето, дополнителните ризици, како зголемен КП, дијабетес, појавата на дистокиите при раѓањето, карличните мерки на родилката и друго.

Д-р Славјанка Станоевска Стојковски и експертскиот тим на болница „Санте Плус“ ви стојат на располагање. Закажете го вашиот термин или консулација на телефоните  071 262 323;  071 262 692

(Комерцијален текст)

 

Слични објави

Хороскоп за 25 декември: Близнаците ќе имаат проблеми на работа, а еве кого го чека љубовен ролеркостер

Еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо
Се вчитува....