12:50 - 6 април, 2026

Имаше тежок животен пат но успеа: Пејачката Елена се врати во Македонија од Белгија и објави емотивна приказна

Пред неколку години, пејачката Елена Петреска која инаку работеше во Националната опера и балет, во хорот, со семејството се пресели во Белгија. Петреска која има моќен и длабок глас рече дека  одлука со семејството си заминале од Македонија поради понудата за работа на нејзиниот сопруг Андреј, и таму се со дипломатски статус.

Потоа, пејачката која има ќерка и син со сопругот Андреја рече дека Белгија од прва им се допаднала и уште не се сигурни колку време ќе останат. Петреска откри дека ѝ недостасува семејството и нејзините колеги, но морала да тргне на друга страна.

На својот Фејсбук профил, таа во една прилика раскажа за тешкиот период од нејзинот живорт, и трнливиот пат кој морала да го изоди кога била во финансиска криза.

Таа била приморана од Скопје каде што студирала да се врати во родниот Прилеп поради немање средства да се издржува, и вели дека назад во Скопје дошла со позајмените 280 денари од нејзиниот тетин.

Сега, Елена Петреска се врати во Македонија, на одмор и да си ги види најблиските, и не можеше да оддолее да не се фати за микрофотн. Пејачката објави видео како ја пее нејзината  омилена песна „Као со у мору“ од Александра Радовиќ која ја испеа со многу љубов и емоции.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо
Се вчитува....