07:52 - 9 ноември, 2026

Ситуацијата е сериозна: Халид Бешлиќ не се чувствува добро, сега откажа концерт и во Хрватска

На Халид Бешлиќ не му е добро, пренесува „Слободна Далмација“. Откако претходно беше одложен концертот во Градачац, организаторите потврдија дека нема да се одржи ниту планираниот настап во Лудбрег, закажан за петок, 5 септември.

„На нашиот Халид од срце му посакуваме брзо и целосно закрепнување, за уште долго да нè развеселува со своите безвременски хитови. Но, забавата во Лудбрег продолжува! За вас подготвивме вистински спектакл – ни доаѓа стариот лав Жељко Самарџиќ и групата Љубавници“, објавија организаторите.

Да потсетиме, Бешлиќ требаше да настапи во Градачац, на „Фестивалот на сливата“, во средата на 27 август. Во соопштението на Туристичката заедница беше наведено: „Почитувани сограѓани, за жал сме должни да ве известиме дека планираниот концерт на Халид Бешлиќ, закажан за среда, 27.8.2025 година, се откажува од здравствени причини со кои се соочува нашата голема музичка ѕвезда“.

Како што пишува босанско-херцеговскиот портал „Дневне вијести“, Бешлиќ пред три дена бил итно примен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево поради здравствени проблеми кои го мачат последниве недели. Поради овие потешкотии, тој бил принуден да откаже повеќе закажани настапи и да се посвети на лекување.

Иако менаџментот на пејачот не откри детали, се дознава дека Бешлиќ е сместен на одделот за нефрологија, што упатува на проблеми со бубрезите. Нефрологијата се занимава со лекување на болести на бубрезите и уринарниот систем, а таму се згрижуваат пациенти со акутна или хронична бубрежна слабост, воспаленија, бубрежни камења, компликации од дијабетес и хипертензија, како и пациенти на дијализа или по трансплантација.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....