05:54 - 11 април, 2026

(Фото) Има добра работа во Америка: Сопругата на Пепи Бафтировски не старее

Сопругата на легендарниот пејач Пепи Бафтировски Ава Керш се занимава со интересна работа во Америка, а може да се забележи и дека изгледа многу младолико, како да не старее.

И покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од состојбата на луѓето од естрадата во Македонија и реши да замине „преку барата“, со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Фото / Фејсбук

Тој заедно со семејството во Америка замина во 2003 година. Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава се разделија во 2007 година, а по некое време на пејачот му беше диjaгностициpaна тешка бoлecт.

Пепи по кратко боледување, ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66-годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно. Сега, таа во Америка се занимава со танц и изгледа како девојка. Во одлична форма е и често објавува видео од танцот, со кој професионално се занимава.

Фото / Фејсбук

Ќерката е мажена и има 3 деца, а синот е доктор по професија. На роденденот на Пепи, Ава Керш сподели нивна заедничка фотографија.

Фото / Фејсбук

 

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....