0.8 C
Скопје
05:35 - 10 март, 2026

ИЛОН МАСК во акција: Тукушто стана акционер на Твитер, а веќе тргна да го менува!

И „водата спие“, ама Илон Маск – не.

Неколку часа откако стана најголем акционер на Твитер, Илон Маск од својот профил започнува неформална анкета на платформата: дали го сакате „копчето за уредување“ (едит)?

Таканареченото „едит“ долго време го бараат многу корисници и е присутно на други социјални мрежи како Фејсбук и Инстаграм, а е можност за уредување на веќе напишана објава.

Во моментот во анкетата што ја лансираше Маск, одговорот „да“ води со 74%. Меѓу бројните коментари има и такви кои бараат промената да се направи под два услови: да е достапна само неколку минути, 5-10, и, доколку се направи промена, линкот да покаже што е сменето за да се види и претходната објава.

„Звучи разумно“, одговара Маск на овој предлог.

Сега кога првиот човек на Tesla и SpaceX стана најголем акционер на Twitter, пристигна и барањето на некои про-Трамп конзервативци поранешниот претседател да биде на Твитер,. Инаку Трамп беше трајно суспендиран на 9 јануари 2021 година.

Во деновите пред објавувата дека купил акции на Твитер,  Маск твитна неколку пати доведувајќи ги во прашање правилата за слобода на говорот на социјалните мрежи и размислувајќи за потреба од нова платформа.

Претприемачот Илон Маск вчера во изјава за агенцијата за контрола на берзата откри дека на 14 март имал 73,5 милиони акции на Твитер. Според завршното пазарно вреднување минатиот петок, вредноста се проценува на 2,9 милиони долари, што го прави Маск еден од најголемите акционери во калифорниската компанија, со 9,2% удел што е дури и поголем од оној што го поседува ко-основачот Џек Дорси.

Основачот на Tesla е еден од најентузијастичките покровители на комуникациската платформа од нејзиното основање и често ја користел за ширење важни комуникации за лансирањето на нови електрични автомобили, но и честопати ги пласира неговите мислења на различни теми, до своите 80 милиони следбеници.

Минатиот месец тој го предизвика Владимир Путин на дуел, токму преку Твитер, без да го прецизира оружјето или начинот на тепачката.

Берзата искажа голема благодарност за иницијативата на Маск. Акциите на берзата во Њујорк скокнаа за речиси 30% од петокот.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....