11:57 - 7 септември, 2026

Илон Маск отворено ѝ се додворува на Тејлор Свифт, одговорот стигна: „Откачи се!“

„Остави ја на мира“, „Откачи се од Тејлор Свифт“, „Не твитај за Тејлор“, се само дел од реакциите на фановите на Тејлор Свифт на коментарите на Илон Маск.

Милијардерот Илон Маск (51), сопственик на Твитер, во последно време кога нема друго што да прави, остава пораки на твитовите на пејачката Тејлор Свифт (33).

– Нејзината лимбичка резонанца е исклучителна – напиша Маск под една објава, во која се вели дека „Тејлор Свифт е закон и секој што не се согласува со него треба да биде исфрлен од интернет“.

„Лимбичка резонанца“ значи „емоционална зараза“, односно на веб-страницата PsychMechanics таа е дефинирана како „состојба на длабоки емоции и психолошка врска помеѓу две лица“.

Но ова не е единствен коментар на Маск. Неодамна познатата американска пејачка објави на Твитер фотографија од својот настап.

Маск под објавата коментираше со емотикон во форма на цигара, што би требало да значи дека Свифт е многу згодна (‘smoking hot’).

Ваквиот коментар предизвика лавина негативни реакции кај нејзините фанови.

-„Остави ја на мира“, „Откачи се од Тејлор Свифт“, „Престани да твиташ за Тејлор“, „Гледај  да не напише песна за тебе“, „Барај нова девојка“, се само дел од контра коментарите на коенатрот на Маск.

 

 

 

Слични објави

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.

Хороскоп за 7 септември: Мора да бидете практични и реални

Еспресо

Џина Џиновиќ се врати во Србија по луксузното крстарење: Со мајка ѝ и очувот посетила 25 острови

Еспресо

Ќерката на Карлеуша вечерва станува полнолетна: Сè е подготвено за големата прослава, еве кој ќе пее

Еспресо
Се вчитува....