15:29 - 29 јули, 2026

Хенри Кавил ќе биде новиот Џејмс Бонд? Многу веројатно! Еве кои други се во трка за улогата

Во последните месеци имаше многу претпоставки и хипотези за новиот Џејмс Бонд. Сега стигнува веста дека името на кое треба да се фокусираме не е Том Харди, како што до неодамна се зборуваше, туку Хенри Кавил. Неговото присуство во новото поглавје на сагата 007 според  многумина е речиси сигурно.

Не е првпат името на Хенри Кавил да кружи кога станува збор за Џејмс Бонд. Всушност, веќе по заминувањето на Пирс Броснан „излезе“ и името на британскиот актер кој го играше Супермен во „Човекот од челик“. Изборот потоа отиде кај Даниел Крег. Но, гласините всушност никогаш не престанаа.

Дури и самиот Кавил, се разбира, навива за оваа улога па постираше на својот интаграм профил видео во кое веќе пие мартини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Но, не само Кавил: во игра е и војводата од Бриџертон

Ако името на Хенри Кавил е константа во дебатата за новиот Џејмс Бонд, во исто време има и други актери кои влегуваат меѓу „номинираните“.

Еден од нив е Реџе-Жан Пејџ, познат како Војводата од Хестингс од успешната серија Бриџертон.

Тој, инаку, со 34 години е најмладиот од кандидатите. Кавил има 39, додека Том Харди, ќе дува 45 свеќи во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regé-Jean Page (@regejean)


Сагата за Џејмс Бонд: се чека 26-то поглавје

Џејмс Бонд не е само сага, туку вистинска култура, меѓу книжевните дела и филмовите. Тоа е всушност најдолгата филмска франшиза: за неколку месеци ќе наполни 60 години, имајќи предвид дека првиот филм – Агентот 007 – Лиценца за убиство – беше објавен на 5 октомври 1962 година.

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ откри што ѝ се случило додека пловела на Јадранот

Е.А.

Катарина Грујиќ ја каснал питон од 40 килограми додека снимала видео, снимателите почнале да бегаат, таа врескала

Еспресо

Моќен бизнисмен го освои срцето на Бресквица – новиот партнер е најпосакуваниот ерген во Белград!

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ објави фотографии од свадбата со Раста: „Помина сè и што остана?“

Еспресо

„Се смеевме, а потоа настана молк“ — Емина Јаховиќ за периодот кој за малку целосно ќе ја скршеше

Е.А.

Оливера Катарина беше погребана во Алејата на заслужните граѓани во Белград

Е.А.
Се вчитува....