08:39 - 4 ноември, 2026

Ханка Палдум скршена од болка по смртта на својот хармоникаш: „Тие не можеа еден без друг“

Вчера наутро, во местото Незуци кај Вишеград, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш од бендот на Ханка Палдум.

Пејачката разговарала со локалната новинарка Амра Кумро, со која ја споделила својата длабока тага поради загубата на колегата и близок пријател, во година која за неа веќе беше обележана со болка и заминувањето на Халид Бешлиќ.

„Разговарав со Ханка и синоќа. Таа е скршена. Нема сила. ‘Драга моја Амра, нè снајде преголема тага. Ни замина нашиот Самир, нашата добра душа’, ми напиша Ханка“, пренесе новинарката, додавајќи:

„Не знам како ќе продолжам без него. Тој беше добриот дух, моторот и движечката сила на мојот бенд. А неговата сопруга Амра – како ли ќе продолжи без својот Самац. Никогаш не дозволуваше да му упатам критика, секогаш велеше: ‘Немој да ми го навредуваш Самац, добар е мојот Самир’.“

Како што истакна Амра Кумро, Ханка тешко ја поднесува загубата:

„Ова е огромен удар, голема животна загуба. Тие беа како едно, не функционираа еден без друг. Самир беше нејзината втора половина во музиката. Кога некој со години ти станува како семејство, тој засекогаш обележува дел од твојот живот. Таа не беше подготвена за вакво нешто, особено не за ненадејна разделба. Човек никогаш не е подготвен за заминување, а најмалку за вакво. Со Божја помош, ќе биде добро“, напиша новинарката.

Слични објави

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.
Се вчитува....