13:20 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) Групата „Квин“ ја објави „изгубената“ песна по повеќе од 30 години: „Заборавивме на оваа песна, таа е вистински скапоцен камен“

Британската група „Квин“ ја објави изгубената песна „Face It Alone“ што ја снимиле со Фреди Меркјури пред повеќе од 30 години.

Песната била снимена во 1988 година, за време на снимањето на албумот „The Miracle“, но не се нашла на него. Таа била пронајдена кога продуцентскиот тим на бендот ги прегледувал снимките додека го подготвувал новото издание на тој албум.

Фреди Меркјури, поранешниот фронтмен на групата „Квин“, почина на 45-годишна возраст од последици на СИДА.

Инаку, бендот е основан во 1970 година и се прослави со песни како „Bohemian Rhapsody“, „We Will Rock You“, „We Are the Champions“ и многу други.

„Заборавивме на оваа песна, но таа е тука и е вистински скапоцен камен. Тоа е прекрасно и вистинско откритие, а песната е многу страсна“, изјави Тејлор.

Бендот треба да го реиздаде својот 13-ти албум „The Miracle“, кој првпат беше објавен во 1989 година, на 18 декември.

На тој албум се наоѓаат песните „I Want It All“, „Breakthru“ и „The Invisible Man“, а кога беше објавен долго време беше на топ листите во Британија.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....