9.8 C
Скопје
13:00 - 1 април, 2026

Градоначалникот Таравари на кормилото на Алијанса за Албанците

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе биде в.д. претседател на Алијансата за Албанците. Таква одлука е донесена на денешното централно претседателство на партијата, откако Зијадин Села поднесе оставка поради лошите изборни резултати во Тетово.

– Имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата и ќе биде неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката. Јас ќе бидам внатре во политиката, активен и ќе бидам таму каде што ќе побара Алијанса за Албанците и новиот претседател, изјави Села.

Таравари е лекар и поранешен министер за здравство. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест.

Во 2010 година, започнал да биде редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Mediicus“ и „Vox Medici“.

Исто така бил раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми при Универзитетска клиника за неврологија.Таравари е оженет со Нора и е татко на две деца.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....