-2.2 C
Скопје
00:06 - 19 февруари, 2026

(Фото) Голема промена во животот на Турунџиева, еве кој ѝ е на прво место сега

Со нов имиџ, Сузана Турунџиева се обрати на Фејсбук и раскажа за тоа каква голема промена ѝ се случила.
– Трчаш за на работа… Трчаш да се вратиш од работа… Трчаш да најдеш и дополнителна работа…
Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата… Школување… Курсеви, секции…
Трчаш да испазариш, да зготвиш, да пречекаш и испратиш гости…
Трчаш по состаноци, настани, „битни“ средби… Ги оставаш „на чекање“ најважните луѓе во твојот живот, за некои наводно „значајни“ настани…
Трчаш и никако да истрчаш насекаде. До каде, до кога?! Зошто?! Престани да се натпреваруваш со животот, успори малку, преиспитај се и откриј на колку СЕ места не мораш да бидеш…
Намали го малку товарот кој сам(а) си го качил(а) на твојот грб… Престани да мислиш на СЕ и на СИТЕ, СЕКОГАШ! НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА СЕ СТАВИШ СЕБЕСИ НА ПРВОТО МЕСТО, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството…
Запамти! СЕ може да почека, само твоето здравје НЕ!
Закажи прегледи и грижи се за твоето здравје, НАЈПРВО ЗА СЕБЕ, после за се останато! – напиша водителката и пејачка.

Фото/ Фејсбук
Таа неодамна во интервју за „Слободен печат“ рече дека ја победила лошата дијагноза и дека сега себеси се става на прво место.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....