22:01 - 11 ноември, 2026

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Познатиот денсер и основач на култната група „Ѓогани“, Ѓоле Ѓогани, се потсети на своите денови од младоста и ја раскажа никогаш досега слушната приказна за првата средба, забранетата љубов и бурна врска со поранешната сопруга Слаѓа Делибашиќ.

Пред да започне нивната романса во Италија, каде што Ѓоле бил дел од европската танцова елита, тие се запознале во белградската сала „Пинки“ преку неговиот брат Гаги:

„Менаџерот ми рече дека е досадно сам да играм и дека ми треба група. Се сетив на танцовите школи во Белград и го прашав Гаги. Така ја запознав Слаѓа. Месец и пол вежбевме кореографии, заминавме во Италија и така сè почна. Тогаш ни во сон не мислев дека ќе ми стане сопруга“, се потсети Ѓоле, додавајќи дека тогаш тој бил во врска со девојка од Рим, а Слаѓа имала дечко кошаркар.

Љубовта се родила за време на турнеите во Италија, но најголемиот шок следел по враќањето во Белград кога Слаѓа останала бремена, а Ѓоле морал да отиде на разговор кај нејзиниот татко, строг Црногорец:

„Рацете ми се потеа. Отидовме кај нејзиниот татко Љуба во викендицата кај Пожаревац. Му реков: ‘Чичко Љубо, вашата ќерка е бремена’. Човекот беше во шок, почна да вика, му се заврте во главата! Не знаев дали ќе стане да ме тепа. За среќа, маќеата пресече и рече: ‘Ајде бре, стани и честитај им на децата!’ Така решивме да се земеме“, искрено раскажа Ѓоле.

Слични објави

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova
Се вчитува....