07:28 - 4 ноември, 2026

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Гордана Адамов, попозната како Лепа Лана, во 1990-тите години работела со полна пареа и ги полнела салите низ цела Југославија. Се дружела со колегите од естрадата со кои патувала низ земјата и светот. Во една пригода, таа настапувала во Швајцарија со Здравко Чолиќ и Шабан Шаулиќ.

Лепа Лана присуствувала на необичната сцена, за која се присетила во разговорот за српски „Курир“.

– Едно девојка нè пречека мене, Здравко Чолиќ и Шабан Шаулиќ во Швајцарија. Ни купи букети цвеќиња, но за Здравко беше најголемиот. Додека бевме на концертот, таа ги зела клучевите од неговата соба и го чекаше – зборувала Лана и додала:

– Лежеше гола и кога тој влезе во собата, му рече: „Те чекам драг Здравко“. Тој културно ѝ одговори: „Ви се извинувам, ви благодарам за букетот цвеќе, но ве молам излезете од собата“. Таа го зеде чаршафот и се завитка, а Шабан рече: „Нема проблем, ако тој не ти дозволи да спиеш во собата, дојди кај мене“. Потоа се смеевме и се шегувавме. Навистина имаше анегдоти.

Во интервју за српски „Курир“, легендарната пејачка открила сè за својот живот и работа.

Лепа Лана поради деловните обврски еден период живеела во Њујорк:

– Сега ќе ви ја раскажам вистината за мојот живот. За мене зборуваат секакви приказни, конкретно дека сум заминала од Америка, бидејќи сум се исплашила, па дека колегите сакале да ме убијат, навистина страшно. Имам 65 години, јас сум достоинствена жена и не сакам за мене да се зборува нешто што не е вистина. Не бев омилена кај некои луѓе затоа што бев своја. Никогаш не сум се иселила од нашата земја. Бев во Америка по работа. Мислев дека ќе можам да живеам во тие краишта, но се вратив поради голем број фактори. Изградивме куќа во Кикинда.

 

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....