7.8 C
Скопје
00:34 - 30 март, 2026

Гоца Тржан искрено за втора бременост: Би било чудо да останам бремена на оваа возраст

Гоца Тржан важи за една од поискрените пејачки која нема проблем да зборува на ниту една тема. Таа е во брак со Радомир Новаковиќ од 2015 година и со сегашниот избраник нема дете, но долги години се обидува да забремени. За жал, тоа сѐ уште не ѝ поаѓа од рака, па таа отворено коментираше на оваа тема.

-Би се поштедила од тие теми бидејќи ми здодеа да зборувам за тоа. Сепак, имам 48 години и тоа би било вистинско чудо. Ако не се случи, си имам дете што треба да го изгледам и да го изведам на прав пат. Има многу јавни личности што го прават истото и не сакаат да зборуваат за тоа, па таа штафета му ја препуштам на некој друг, изјави Гоца.

Таа прокоментира и за кризата во бракот со четиринаесет години помладиот Радомир.

-Немавме критични моменти, иако моравме да водиме сериозни разговори. Сепак, немаше кризи. Не бевме блиску до развод или целосно отуѓување. Знаевме да препознаеме кога нешто не е во ред, дека не сме тоа што сме биле и дека е време да разговараме за да се вратиме еден кон друг, беше искрена пејачката.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....