7.8 C
Скопје
10:05 - 1 април, 2026

Ги „победи“ и Илон Маск и кралицата: Амбер Херд е најпребаруваната славна личност на Гугл во 2022 година, еве кои се зад неа

Холивудската новинска публикација CelebTattler спроведе студија за трендовите на пребарување на Google за 2022 година и откри дека оваа година Амбер Херд е најпопуларната славна личност на Интернет, пишува Њујорк Пост.

Најверојатно, актерката го презеде првото место поради скандалозното судење со поранешниот сопруг Џони Деп. Во Соединетите Американски Држави, месечно имало во просек по 5,6 милиони пребарувања за нејзиното име. Џони Деп се најде на второто место со 5,5 милиони месечни пребарувања.

На третото место се најде Елизабета Втора, која почина во септември на 96-годишна возраст. Бројот на пребарувања за настаните околу смртта на кралицата беше 4,3 милиони месечно.

Ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди се најде на четвртото место со 4,06 милиони месечно, додека Ким Кардашијан е на петтото место со 3,4 милиони пребарувања на Google за неа.

На шестото место се најде поранешниот дечко на Ким Кардашијан Пит Дејвидсон, на седмото – бизнисменот Илон Маск. Вил Смит се најде на осмото место на листата. На деветтото и десеттото место се најде Мили Боби Браун од ТВ сериите Stranger Things и ѕвездата на Euphoria, Зендаја.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....