13:20 - 4 ноември, 2026

Ѓани се огласи за инцидентот со каснувањето: „Цел живот бегам од кучиња, а ме касна човек! Бев целиот во крв“

Радиша Трајковиќ Ѓани неодамна доживеал драма кога на една свадба, каде што настапувал, гостин го каснал за стомак, а сега открил детали за инцидентот по кој завршил во болница.

Со оглед на тоа дека имал повреда на бенка, признава дека и самиот бил во шок кога сфатил што се случило.

„Добро сум, имам мал завој овде. Ме касна еден мој познаник, почна сè како шега, зафрканција и тој скокна да ме касне. Меѓутоа, овде имав голема бенка, а бидејќи неодамна имав и стентови и пијам лекови за разредување на крвта… Тој ми откина пола бенка и бев целиот во крв. Крв имаше на сите страни, гледав и мислев дека некој ме прободел. Но фала му на Бога, треба само да заздрави“, открил Ѓани.

Тој објаснил како реагирал во тој момент.

„Па како да реагирам, сè и сешто сум доживеал. Навистина се плашам од кучиња и цел живот кога ќе видам куче на улица бегам да не ме касне, а на крај ме касна човек. Примив две вакцини за тетанус“, рекол фолкерот и открил дали се слушнал со човекот што го каснал.

„Не сме се слушнале, го знам цел живот од Париз, тоа се овие мои Роми, нему му беше криво. Не сакаше да дојде до тоа, не беше намерно. Јас велам уште гром да ме удри. Сум кршел раце, секоја година некој малер“, додал тој.

Открил и дека неговата сопруга Слаѓа била многу исплашена.

„Слаѓа се исплаши, кога некој ќе ја побара за мене, таа мисли на најлошо — дека некој ме застрелал. Јас ѝ велам: љубов, немам ни обезбедување, ни сум навредил некого, има луѓе што не те сакаат. Јас никого не допирам, не се мешам каде што не ми е место, не должам пари, немам камати, не се коцкам. Го намалив и пиењето — чаша, две вино.“

Слични објави

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо
Се вчитува....