16:28 - 24 ноември, 2026

Едита и таткото на нејзиното дете се појавиле на истиот настан

Едита Арадиновиќ и нејзиниот поранешен партнер Ненад Стевиќ вчеравечер биле забележани на истиот настан. На промоцијата на новиот албум на Игор Паниќ Нучи („Две Барбики“) во една позната сала, пејачката се појавила меѓу првите.

Нешто подоцна, според пишувањата на медиумите, пристигнал и Ненад, со кого Едита раскинала кратко откако се дознало дека е бремена.

Не е познато дали и како се поздравиле, но како што Арадиновиќ неколку пати истакнала и јавно, останале во коректни односи, особено поради детето, односно ќерката што ја очекуваат.

Таа е во седмиот месец од бременоста. При доаѓањето на настанот истакнала дека се труди да се експонира што помалку и да води мирен и здрав живот.

„Се чувствувам одлично, сè подобро и подобро. За два месеца е породувањето… Немам стравови сè уште, не се плашам. Му се предадов на Бога, знам дека сè ќе биде добро. Жената може сè да надмине. Се расплакувам на сè, се шокирам колку е тоа интензивно во бременоста“, изјавила таа пред присутните медиуми, на промоцијата на Нучи по повод издавањето на новите песни.

Слични објави

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.
Се вчитува....