1.8 C
Скопје
16:15 - 23 декември, 2024

(ГАЛЕРИЈА) МАКЕДОНСКИОТ БРЕНД „ЛУДУС“ ЈА ВООДУШЕВИ АВСТРИЈА: Безродова мода „Пост-родовост IV“

лудус

На покана од организаторите на фестивалот за дизајн „Асембли“ во Грац, Австија, македонската модна етикета за безродова мода „Лудус“ учествуваше на специјалното модно издание заедно со победниците од минатите изданија на фестивалот.

ФОТО: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Во 2019та година на истиот фестивал „Лудус“ беше награден со NJAL+ наградата и со тоа беше дел од модните ревии на овогодишното специјално издание на „Асембли“. Заедно со дизајнерите главно од Австрија, но и од Хрватска, Унгарија, Шпанија и Велика Британија „Лудус“ ја пррстстави новата колекцијата за есен-зима 2021/22 насловена како „Пост-родовост IV“.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Во извонредна атмосфера и на огромно задоволство на сите учесници на ова специјално „пандемиско“ издание на фестивалот, „Лудус“ наиде на одличен прием од стручното жири на фестивалот составено од локални модни експерти, архитекти и дизајнери. Локалната публика и купувачите во продажниот дел по ревиите истотака одлично ги прифати производите од оваа колекција.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Колекцијата беше промовирана со виртуелен шоурум на крајот на март годинава, по што беше претставена на интернационалниот пазар, а сега е достапна во продажба во концептуалните продавници со кои брендот соработува, интернет продавниците кои ги застапуваат колекциите на „Лудус“ ширум светот и интернет продавницата на брендот.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Колекцијата е четврт дел од низата колекции насловени како „Пост-родовост“ и ја застапува темата на родова еднаквост и футуристичката визија за елиминирање на родот и родовите улоги. Истовремено таа е формално истражување на родовата неутралност преку модниот јазик и концептно продлабочување на естетиката на брендот започната пред неколку сезони.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Со почетокот на пандемијата Лудус ги зајакна принципите на одржливост и етичко производство, па така и овој пат во колекцијата застапени се рачно и природно обоени текстилни парчиња, како и ботанички обоена волница од која се направени рачно плетени џемпери/фустани со издолжени пропорции. Токму џемперите се досега најодржливиот и најеколошкиот производ на „Лудус“ поради тоа што 100% природната сурова волна е набавена од локални производители во близина на Велес.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Така е постигнат производ што не само што вклучува употреба и ревитализација на занаети и природни суровини што полека замираат, туку и нивното боење е целосно еколошко без никакви токсични материи што би влијаеле на животната средина или директно на кожата на потрошувачите.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Истотака направени се и кожени чевли во соработка со локален занаетчија- чевлар, кои ја придружуваат колекцијата.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

Колекцијата „Пост-родовост IV“ е составена од 16 родово неутрални комбинации на 23 парчиња облека изработени во неутрална палета на бои што вклучува црна, бела и сива боја, овој пат надополнета со кафени и вилоетови природни тонови, добиени со рачно боење на волна и волница. Користени се висококвалитетни 100% природни памуци, рунски волни и волници од македонско потекло што може лесно да се рециклираат, а при дизајнирањето користена е техника на кроеви со нула отпад. Парчињата се целосно рачно направени со што е овозможена нивна долготрајност; така брендот се спротивставува на „брзата мода“ и прекумерното и неодговорно конзумирање на модата и „брзата“ модна индустрија.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

На 16. септември истата колекција ќе биде претставена на нашата публика како дел од ревиите на македонските дизајнери на Експо.30 во Музејот на современа уметност.

Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер
„Лудус“ е македонска модна етикета основана во 2010-тата година, една од ретките што прави пробив на интернационалниот пазар.  Добитник на BIG SEE Fashion Award во Љубљана, 2018, NJAL+ наградата на фестивалот „Assembly“ во Грац, Австрија во 2019 и WOW SHOW наградата на Љубљанската модна недела во 2020-та година. Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија и Словенија.
Фото: Никола Мијатовиќ, Јакоб Козмут, Стефан Фризингер, Евгенија Ригер

 

Слични објави

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо
Се вчитува....