0.8 C
Скопје
01:54 - 6 ноември, 2024

Фута ја нарече Карлеуша лажга и крадец, војна на социјалните мрежи: „Кој ѝ плаќаше лекување на жена ти!?“

Како што претходно истакна Јелена Карлеуша на својот официјален профил на Инстаграм, „Фута Радуловиќ се обидува со уцена и измама да го искористи досегашното работење на покојната Марина Туцаковиќ“, а аудио снимките до кои дојде српски Информер покажуваат дека нивниот конфликт не стивнува.

Имено, музичарот претходната вечер се приклучи на еден од популарните „простори“ на социјалната мрежа Х и подетално проговори за војната што ја тресе регионалната музичка сцена во последните месеци.

„Со оглед на тоа дека на Карлеуша ѝ го згаснавте каналот, ме интересира зашто тоа го направивте? Поради Цеца?“ – го праша Фута корисникот на Икс, Ла Бомба, кој се претставува како голем фан на Карлеуша.

„Каква врска има Цеца со Карлеуша? Јас го „бојкотирав“ каналот на Јелена. Цеца нема врска со тоа. Тие две се тужат зашто оваа ѝ рекла на другата дека е луда, па таа после викнала психијатар-вештак на судењето, ова ти го кажувам од прва рака. Со Цеца снимам албум, а со оваа другата (Јелена) нема да се дружиме. А кажи ми, ти ја сакаш Карлеуша? Дај ми барем три причини поради кои ја сакаш?“, зборува Фута.

– Има многу причини зошто ја сакам, а трите најважни се затоа што доживеала се и сешто, затоа што е искрена и директна и затоа што гази лоши луѓе. Да не зборуваме за харизма и енергија и слично… – одговори Ла Бомба.

-Како кажа, искрена е и директна?! Таа е нечесна, бидејќи е лажга и крадец. Да речеме, крадец на авторски права – рече Фута.

– Па, не, бидејќи го платила твојот син – одговори Ла Бомба.

– Чекај, сакаш да кажеш дека платила, што? – прашува Фута.

– Карлеуша објави пораки со вашиот син и беше добра со него. Зошто вашиот син не ја пушти Цеца, и не ја избрка од гробот? – праша Ла Бомба.

– Никого не бркаше од гроб. Не си фан на Цеца, дали си сигурен? – рече Фута.

– Па, се разбира дека не – рече Ла Бомба.

– Зошто не си кога оваа пее поубаво од онаа што рика – испровоцира Фута.

– Како можеш така да зборуваш кога жена ти ѝ пишувала текстови на Јелена. Тие беа пријателки и таа ѝ даваше за да се лекува… – беше јасен Ла Бомба.

– Мојата сопруга напиша 4.000 текстови. Мислам дека требаше да си дава себеси да се лекува. Мислам дека таа има Ф дијагноза, што се вели шифра – возврати Фута.

-Таа и дала пари на жена ти, а ти сега зборуваш така. Секогаш беше добра со неа – заклучи Ла Бомба, пренесува српски Информер.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ одговори на гласините дека има љубовница: Пејачот ја откри вистината и стави крај на сите шпекулации

Еспресо

Поради трагедијата во Нови Сад: Емотивната Милица Павловиќ го одложи концертот во Риека

Еспресо

Групата „Магазин“ има нова пејачка, младата Лорена ќе ги наследи Јелена Розга и Данијела Мартиновиќ

Еспресо

(Видео) Печено пиле во рака и скромна кујна: Вака некогаш живееше Јелена Карлеуша, а денес ужива во вила од 2,5 милиони евра

Еспресо

(Видео) Цеца блесна во бело: „Крајно време е да се мажам“

Еспресо

„Боба е најмоќната карпа која стои и ми чува грб“: Лепа Брена проговори за синовите, а еве каде ќе прослави 33 години брак

Еспресо
Се вчитува....