23:31 - 6 април, 2026

(Фото) Зуица згодна во костим за капење, со Наум уживаат на глисер среде езеро

Предава хармоника во средното музичко училиште во Скопје, паралелно настапува и учествува на фолк-фестивали, се грижи за семејството. Тоа е Зуица Лазова, една од највредите жени на македонската естрада, мајка на Анастасија и на Стефан.

Нејзин нов предизвик е учеството во проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде што заедно со повеќе колеги пеат преработки на македонски патриотски песни.

Зуица е сопруга на Наум Петрески, златното грло на македонската фолк естрада, а нивната љубовна приказна е доста интересна. По долги години заеднички живот, тие подалеку од очите на јавниста, тие се венчаа во 2022 година, во Охрид.

„По толку години заеднички живот и две деца, мене како да не ми недостасуваше тоа. Значи, ги имаш сите придобивки на заедничкиот живот. Дали си во брак, со потпис или не, помалку беше битно. Меѓутоа, како што течеше времето, сфатив дека бракот на хартија ти носи некои други бенефити. Нешто поради нив и нешто поради тоа што оваа одлука тлееше подолго време.

Дојде нашиот кум од Австралија, а Наум додека беше во Австралија, со него се договорил дека кога тој ќе дојде во Македонија ќе нѐ венча, во црква. Повеќе беше желбата тоа да биде еден црковен брак, повеќе една потреба тоа да биде овековечено пред Бога“, изјави Зуица за „Слободен печат“.

Фото: Фејсбук принтскрин

Наум и Зуица навистина знаат да уживаат во животот, а тоа го потврди пејачот со едно неодамнешно видео на Фејсбук. Тој се снимаше себеси,сопругата и пријателите како се возат на глисер на Охридското Езеро.

Фото: Фејсбук принтскрин

Уживајќи во убавиот ден, Наум рече дека времето им се погодило, а она што не може да остане незабележано е колку Зуица изгледа одлично во костим за капење.

Зуица Лазова изгледа одлично во костим за капење (Фото: Фејсбук принтскрин)

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....