19:33 - 2 април, 2026

(ФОТО) Зошто КЕЈТ МИДЛТОН се појави во накит од кралицата? ОВА Е СИМБОЛИКАТА, ништо не е случајно!

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон продолжуваат со турнеја на Карибите, прва организирана по повеќе од две години коронакриза, а по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Војводата од Кембриџ посетуваат различните земји поврзани со англиската монархија, од Белизе до Бахамите, па се до Јамајка. Токму во Кингстон, главниот град на Јамајка, синоќа се одржа елегантна вечера. Рефлекторите кон себе ги привлече војвотката која, откако и оддаде почит на земјата-домаќин со прекрасен фустан во лимон жолта боја, му даде простор на кралскиот стил –  тул, дијаманти и сакпоцен накит наследени од самата кралица.

Долгиот смарагдно зелен фустан од тул, е креација на англиската дизајнерка Џени Пакам. Начичкан со соодветни микрокристали, со долго сирена- здолниште и со „спуштени“ ракави кои го откриваат деколтето и рамениците. За надополнување на изгледот, Кејт одбра обетки со приврзок од дијамант и смарагд, и нараквицата од истата серија. Целиот накит всушност е „позајмен“ од колекцијата на кралицата Елизабета Втора.

Но, многумина се прашуваат – зошто Кејт носеше накит од кралската колекција?

Турнејата на Карибите беше организирана за да се прослави платинестиот јубилеј на кралицата, така што вредните работи на кралицата се мал „трик“ што се користи за да се направи кралицата да биде како да присутна дури иако е со илјадници километри оддалечена. Вниманието на медиумите го привлече и макси брошот што Кејт го носеше на градите: жолтиот лакиран медалјон е украсен со портрет на кралиацата. За што станува збор? Накит што му припаѓа на Викторијанскиот кралски ред, кој ја потврдува титулата на Мидлтон Витез на Големиот крст. Накратко, војвотката не остава ништо на случајноста во својот изглед.

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....