23:59 - 3 ноември, 2026

(Фото) Зои Блаж ѝ приреди роденденска прослава на малата Мариа, мајката и ќерката модно усогласени

Македонската мејкап артистка и пејачка Зои Блаж повторно е во Македонија, а овојпат престојот има посебно значење – со неа се и сопругот Тадеј Матијашиќ и нивната ќеркичка Мариа.

Токму во кругот на најблиските, Зои организираше роденденска прослава за својата мала наследничка. Иако Мариа го прослави својот прв роденден во мај, семејството три месеци подоцна направи уште една прослава во Македонија.

За оваа пригода, Зои и Мариа беа модно усогласени и позираа во складни фустанчиња, а гордата мајка сподели фотографии од семејната прослава на социјалните мрежи.

„Иако роденденот официјално беше во мај, моравме да направиме прослава што ѝ доликува на нашата принцеза. Ти благодарам Господе за секој ден поминат со неа“, напиша Зои.

Фото: Инстаграм/Зои Блаж

Престојот во Македонија очигледно многу ѝ значи на Зои, која веќе неколку години живее во Германија поради ракометниот ангажман на сопругот Тадеј.

Споделувајќи моменти од враќањето дома, таа порача: „Полно срце, за првпат сите заедно во Македонија“.

Фото: Инстаграм/Зои Блаж

Зои и претходно отворено зборуваше за тоа колку ѝ недостигаат Македонија и семејството. Во интервју за „Слободен печат“ раскажа дека откако станала мајка особено го чувствува отсуството на најблиските, но и дека се труди што почесто да доаѓа во Скопје за Мариа да расте опкружена со љубовта на семејството.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....