8.8 C
Скопје
21:26 - 30 март, 2026

(Фото) Ѕирнете во австралискиот апартман на Тејлор Свифт: Има илјада квадратни метри, чини 16 илјади долари за ноќевање

По краткиот престој во Лас Вегас за да го гледа своето момче како игра на Супербоул, Тејлор Свифт се враќа на своите патувања – на Ерас турнејата, и моментно е во Мелбурн, Австралија, каде што е сместена во луксузен апартман во вредност од над 16 000 долари за ноќ.

Пејачката престојува во хотелот со пет ѕвезди Crown Towers во апартман од илјада квадратни метри, кој содржи две спални соби, трпезарија, дневна соба, приватен лифт, па дури и батлер за да и помогне за сите нејзини потреби.

инстаграм
инстаграм
инстаграм

Свифт сè уште не е забележана како влегува или излегува од хотелот, но самата локација се наоѓа во близина на Мелбурн Крикет Граунд каде што ќе настапува три последователни ноќи.

Во моментов не е јасно дали Тревис Келче, нејзиното момче, ќе ѝ се придружи по пукањето на победничката парада во Канзас Сити, во кое загина најмалку едно лице, а 20 беа повредени во средата, на 14 февруари.

По завршувањето на турнејата во Северна и Јужна Америка, потоа и во Бразил каде што еден фан трагично почина поради топлотна исцрпеност, Свифт се упати кон Австралија за да ги продолжи своите концерти кои уриваат рекорди.

Таа неодамна настапи во главниот град на Јапонија, Токио, а сега ќе настапи прво во Мелбурн, а потоа во Сиднеј пред да ја напушти Австралија за новиот концерт закажан во Сингапур.

Таа потоа заминува за Европа, и ќе настапи во Франција, Шведска, Португалија, Шпанија, и повторно во Франција, па во Велика Британија и Ирска, Холандија, Швајцарија, Италија, Германија, Полска, Австрија и со тоа ја затвора евроазиската етапа на турнејата со последниот настап во Лондон, пред да се врати во САД и Канада во октомври.

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....