7.8 C
Скопје
21:56 - 31 март, 2026

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Поранешната Мис Хрватска и сопруга на актерот и водител Тарик Филиповиќ, Лејла Филиповиќ, повторно ги воодушеви своите следбеници со објава на Инстаграм. Во опуштена атмосфера на еден хотел во Загреб, таа се сретнала со регионалната музичка легенда Здравко Чолиќ, а моментот што го забележале особено ги разнежнил нејзините обожаватели – Чола галантно ја бакнал во образ.

„Постојат луѓе кои обележуваат генерации со својот глас и песни, но уште поубаво е кога зад таква кариера стои толку едноставен, срдечен и топол човек. Еден и единствен… Здравко Чолиќ“, се пофалила Лејла Филиповиќ со средбата со пејачката легенда.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)


Лејла со сопругот Тарик била на прослава на една хрватска компанија во Загреб, каде што тој бил водител, а на тој настан Здравко Чолиќ настапил.

„Си ја исполнив желбата да го најавам Чола со реченицата што толку многу пати ја изгоровив… Никогаш нема да бидам Чола, но затоа имам бел костум. И да, му го простив оној стих „каде би одел со тебе освен во театар…“ (kud bi s tobom osim u teatar)“, ја опишал актерот и водител својата објава.

Лејла и Тарик долго време се сметаат за еден од најхармоничните парови на хрватската сцена, а своите семејни моменти со задоволство ги споделуваат на социјалните мрежи. Тие се во брак многу години и заедно ги одгледуваат своите синови Арман и Дино, но и покрај популарноста, својата приватност најчесто ја чуваат за себе, само повремено откривајќи делови од секојдневието, патувањата или дружењето со други познати личности.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....