13:29 - 3 април, 2026

(ФОТО) ЗДЕБЕЛЕН ДО НЕПРЕПОЗНАТЛИВОСТ: Хоакин Феникс не личи на себе од „Џокер“, фановите нерпијатно изненадени!

На Инстаграм неодамна се појави фотографија од Хоакин Феникс, познатиот Џокер, која непријатно ги изненади неговите фанови, па многумина се запрашаа како можел до толку да се запостави, а поминаа само три години откако го сними својот најуспешен филм за кој освои бројни награди, меѓу кои и Оскар за најдобрата главна улога.

Сепак, љубителите на неговиот лик и дело можат да здивнат и да му честитаат на актерот за неговата професионалност, со оглед на тоа што Хоакин морал да додаде одреден број килограми за поубедливо да ја претстави својата улога во неговиот нов филм „Булевар на разочарувања“ .

Со пократка седа коса и значително поголема тежина, сите ќе се согласат, тој изгледа далеку поразлично отколку во 2019 година, кога го играше познатиот „психо“ лик во „Џокер“.

Фотографијата собра голем број лајкови, дури 20.000, како и повеќе од илјада коментари кои го пофалија нивниот омилен актер, па дури и истакнаа дека воопшто не му пречат вишокот килограми.

„За мене тој е презгоден во секој случај, и би го носела во кревет“, коментирала една девојка, додека бројни други напишале нешто слично.

Некои пак, се пошегувале на своја сметка – „кога тој ќе се здебели тогаш е посветен глумец, а кога јас ќе се здебелам, само сум дебел“, а трети упатиле критики од типот „дури сега изгледа страшно“.

 

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....